Таг: чиле

Стартуваше Копа Америка, Видал стрелец

Со спектакуларно отворање синоќа започна Купот на Америка. Со головите на Артуро Видал и Еду Варгас, домаќинот Чиле го совлада Еквадор 2-0. Во 99. годишната историја на ова натпреварување, Чиле никогаш не стигнал до трофејот.

Самба, танго, страст и фудбал - Копа Америка

Со натпреварот Чиле - Еквадор во петок во 01 часот после полноќ по средноевропско време, започнува 44. издание на најстариот турнир за репрезентации на светот кој ќе заврши на 4. јули со финалето во Сантијаго.

Бијонсе се разбира во чилеанскиот фудбал

За време на посетата на Хаити, Бијонсе на аеродромот Порт Принс се сретна со група Чилеанци кои ја прашаа дали знае нешто за Чиле? Пејачката ги изненади и ги воодушеви со одговорот.

Пит булот Гари Медел го згазна Нејмар

По дебаклот на Мундијалот во нивната земја, Бразилците редат победи. Денес во Лондон во пријателски меч го совладаа Чиле 1:0, со голот на Фирмино. Во текот на мечот фудбалерот на Интер, Гари Медел намерно го згазна Нејмар и не доби црвен картон.

Решена најстарата спортска мистерија

На високите Анди во Чиле, планинарска експедиција пронајде остатоци од авионот кој се сруши пред 54 години и во кој загинаа 24 патници. Меѓу нив има осум фудбалери на тимот Грин Крос (Зелен крст) од чилеанската прва лига.

Зарате го одбра Чиле наместо Аргентина

Поранешниот играч на Лацио и светски шампион со Аргентина под 20 години е разочаран од списокот аргентински репрезентативци и се реши да игра за Ла Роха.

Сте виделе ли поупорен фудбалер?

Николас Алтамарино е едно жилаво и упорно дете од Чиле, кое запна како ова да му е последен напад во кариерата. По оваа чудесна акција успеа и гол да даде, ама на крај едвај собра душа за да стане.

Заморано тоне во долгови

Поранешниот напаѓач на Интер, Чилеанецот Иван Заморано би можел да го загуби целиот имот и сите фирми кои ги поседува во татковината.

Бразил преку пенал рулет до четвртфинале

Селекциите на Бразил и Чиле ни приредија 120 минутна фудбалска претстава и драматична пенал серија во првата осминафинална пресметка на која домаќините имаа повеќе среќа и останаа на планетарниот собир.

Холандија со триумф го потврди осминафиналето

Составот на Луи ван Гал е првата селекција на Мундијалот во Бразил која со максимални три победи ќе патува во посакуваната нокаут фаза. Светскиот шампион не ги излечи раните со убедливата победа против Австралија.

Чилеанецот кој голот го споредуваше со оргазам

Го паметиме најмногу во дресот на Интер, како и бројот 1+8 кој го носеше на грбот. Остави белег и во Реал Мадрид каде во 1995 титулата во Шпанија ја прослави како најдобар стрелец. Нападот на Чиле го предводеше заедно со Марчело Салас и беа препознатлив тандем во светот.

Чиле го испрати светскиот шампион дома

Крај на шпанската доминација и магичната тики-така. Европскиот и светски првак Шпанија по петардата од Холандија, доби шлаканица и од селекцијата на Чиле која го надигра и го шокираше дрим тимот составен со фудбалери од Барселона и Реал Мадрид.

Чиле триумфално против Австралија

Алексис Санчес и Хорхе Валдивија се запишаа во историјата на Светските првенства откако во 12 и 14 минута му донесеа водство на својот тим кој славеше со 3:1 во синоќешниот трет меч од вториот мундијалски ден.

Навиваме за Чиле

33-та чилеански рудари кои во 2010-та 69 дена беа заглавени под земја, снимија видео за поддршка на својата репрезентација кое сериозно ќе ви ги разниша симпатиите што ги имате на Мундијалот. Чиле моментално има коефициент 41 дека ќе победи на мундијалот. Рударите тоа не ги интересира.

Го знаете ли вие тарзан?

Чилеанскиот тим Спорт Уанкаио неодамна го назначи за нов тренер аргентинскиот стратег Даниел Кордоба. Сериозен човек во години, кој пред камерите е спастрен, а на тренинзите строго црвена гаќа.

Палестинско еврејски судир во Чиле

Двете вечно завојувани страни не најдоа заеднички јазик ниту во фудбалот во Јужна Америка каде едните добија казна поради новиот дизајн на дресовите.

QR кодови кои раскажуваат древни приказни

Кога Гиљермо Берт, уметник од Лос Анџелес, ги набљудувал шемите на прекривките на северноамериканските Индијанци, забележал чудна сличност на нивните мотиви со QR кодовите. Одлучил да се позанимава со комбинирање на современата технологија и традиционалните симболи и знаења, кои полека исчезнуваат.

Затрупување на правдата

Целиот свет ја следеше судбината на 33-ата чилеански рудари кои во 2010-та цели два месеца беа закопани под земја за конечно да бидат спасени и дочекани како херои. Неколку години подоцна, им доаѓа пак да се закопаат.

Боксерски крај на меч во Чиле

Кошкањата на мечот помеѓу Универзитад Католика и Унион Еспањола од Купот на Чиле, судијата во 94 минута ги реши со црвени картони. Но тоа беше нов почеток на натпреварот кој се претвори во боксерски ринг.

Друштво на откопаните поети

Близу 40 години по смртта, Чиле планира да го откопа бардот на латиноамериканската поезија Пабло Неруда и да ги провери контроверзните приказни за неговото заминување.

Македонија се изнамачи со аутсајдерот Чиле

Македонската ракометна репрезентација првиот натпревар на Светското првенство во Шпанија го почна со триумф, но со издание далеку под очекувањата. Третото учество на Мундијалите нашите ракометари го отворија со победа против Чиле од 30:28.

Тепачка без усул

Шокантните снимки доаѓаат од Чиле, каде на аматерски меч настрадаа двајца судии. Главниот делител на правдата легна на теренот и е потешко повреден, но зачудуваат боречките вештини на фудбалерите кои го оставија без заби помошниот судија.