Група Б
Шпанија - Чиле 0:2
Варгас 20` Арангуиз 43`
Селекциите на Холандија и Чиле се првите патници во осминафиналето од Светското фудбалско во Бразил. Со победа од 2:0 фудбалерите на Чиле приредија голема сензација против тимот кој беше несовладлив и неприкосновен на ЕУРО 2008 и 2012 и на СП 2010.
Шпанците делуваа анемични, немотивирани и безидејни на дуелот против јужноамериканскиот состав предовден од силното трио Варгас-Видал-Санчез кои и обезбедија трет пласман на својата земја во нокаут фазата од Светските првенства.
Варгаз и Арангуиз се творците на незаборавната ноќ за Чиле на стадионот Маракана, кои предвреме го натераа најскапиот состав на ова првенство да си ги пакува куферите.
Шпанија не потсети на дебаклот на Светскиот шампион Италија од 2006 година, кој по четири години во Јужна Африка беше елиминиран уште во групната фаза.