Познат по бројот 1+8 кој го носеше на својот дрес, Заморано летово работеше како стручен коментатор од СП во Бразил за државната телевизија на Чиле, но во последно време се соочува со голема финансиска криза во која западнале неговите фирми.
Од 2009-та година, расниот стрелец основал неколку маркетинг компании, кои за три години по лошо управување и неправилно работење се задолжиле 3 милиони евра, долгови кои во последните пет месеци пораснале двојно. Целата приказна кулминирала пред една недела, кога судот во Сантијаго одлучил покрај тужбата, на Заморано да му се одземе и целиот имот во негова сопственост.
Станува збор за 2 луксузни вили, 3 трговски центри, неколку паркинзи и автомобил кој вредел 650 илјади евра, имот со кој Заморано ќе треба да се збогува во најскоро време. За парадоксот да биде поголем, Иван Заморано пред само 2 недели бил во Панама каде пред 2,500 студенти одржал предавање за успешен бизнис план.