Бразил преку пенал рулет до четвртфинале

Селекциите на Бразил и Чиле ни приредија 120 минутна фудбалска претстава и драматична пенал серија во првата осминафинална пресметка на која домаќините имаа повеќе среќа и останаа на планетарниот собир.

Бразил - Чиле 1:1 (3:2 на пенали)
Луис 18` - Санчез 32` 

Иако беа вбројувани меѓу главните фаворити за освојување на Златниот пехар, фудбалерите на Бразил не покажаа голема супериорност на првата пречка во нокаут фазата. Предноста на домаќините стигна во 18 минута, откако при изведениот корнер Давид Луиз со многу среќа ја смести топката во гол.

Чилеанците пружија голем отпор и во поголем дел од мечот беа рамноправен противник. За израмнување се погрижи фудбалерот на Барселона, Алексис Санчез кој ги постави конечните 1:1 по регуларните 90 минути. Пенал серијата се покажа како трагична за Чилеанците кои не успеаа да им ги урнат сништата на домаќините 

За селекцијата на Бразил погодоција Давид Луиз, Марсело и Нејмар, а промашија Хулк и Вилијан. Чилеанците беа послаби пеналџии и прецизни беа само Арангуиз и Диаз. По лошо изведените удари на Пинила и Санчез кои беа лесно прочитани од Цезар, клучен беше ударот на Јара кој го погоди дирекот.

28 јуни 2014 - 21:12