Во рамките на третото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија, најдобар стрелец беше Виктор Петровски (МЕПСО) со 4 гола, а екипа на колото е Адмирал.
Екипа на второто коло е Гранит, која играше одлична одбрана, успеа 40 минути да ја сочува својата мрежа и да извојува минимална победа од 1-0, што е реткост во Телеком Бизнис Лигата на Македонија.
Второто коло од Бизнис лигата на Македонија со победи го одбележаа ФАКОМ против АрцелорМиттал и Халкбанк против ЕВН. Алкалоид и Македонски Телеком ги поделија бодовите.
Во понеделник (05.10.2015) во 19 часот во малата сала на СЦ „Борис Трајковски" официјално започнува новата сезона на Телеком Бизнис Лигата на Македонија. По шести пат кај нас, Бизнис Лигата на Македонија ќе биде место каде ќе се соберат вработените од најуспешните компании во земјава за да да си ги одмерат силите во мал фудбал.