Реми во дуелот меѓу ЈСП и Гранит
ЈСП 4-4 (2-2) Гранит
ЈСП: Велко Серафимовски 10’, Дарко Калиновски 17’, Томи Петковски 27’, Дејан Блажевски 37’
Гранит: Дарко Стојановски 4’, 20’, 34’, Пепи Мицев 36’
Натпреварот ЈСП – Гранит домаќинот го започна со голман-играч, наговестувајќи доста отворен фудбал. На самиот старт Гранит тоа вешто го искористи и дојде до водство од 0-1. Но, екипата на ЈСП успеа да оствари предност во нападот и да дојде до водство од 2-1 преку Велко Серафимовски и Давор Калиновски. Гранит имаше одговор за тоа и во самиот финиш преку Дарко Стојановски постигна погодок за 2-2 на полувремето. Екипата на ЈСП на самиот старт од второто полувреме преку Томи Петковски постигна погодок, со кој оствари минимална предност од 2-3. Но, екипата на Гранит во своите редови го имаше расположениот Дарко Стојановски, кој беше незапирлив и го израмни резултатот на 3-3. Се до крајот се водеше израмнета борба, за да на крајот овој натпревар заврши со израмнет резултат 4-4.
Во отворен фудбал ЕЛЕМ подобар од Еуролинк
Еуролинк 8-9 (4-2) ЕЛЕМ
Еуролинк: Ивица Стефковски 5’, 14’, 20’, 38’, Филип Блажевски 7’, 26’, 36’, Раде Бакев 29’
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 8’, 21’, Антонио Ничевски 19’, Диме Милевски 24’, Влатко Петровски 26’, 27’, 27’, 33’, Павле Маџовски 36’
Екипата на ЕЛЕМ уште на самиот старт влезе во формација голман-играч, како би имала играч плус во нападот. Но, екипата на Еуролинк играше доста претпазливо, ги читаше сите додавања од кои преку „пресечени“ топки доаѓаше до чисти ситуации за гол. На полувремето Еуролинк успеа да оствари солидна предност од 4-2. На самиот старт од второто полувреме, по само 2 минути игра, екипата на ЕЛЕМ успеа целосно да се врати во натпреварот израмнувајќи го резултатот на 4-4. Во понатамошниот тек од натпреварот и двете екипи целосно ставија акцент на нападот и малку како да подзаборавија на одбраната, па паднаа многу голови и на двете страни. Во ваквата игра со подобра реализација беше екипата на ЕЛЕМ која оствари минимална победа од 8-9.
Лукоил среќно до победа над МЕПСО
Лукоил 3-2 (2-2) МЕПСО
Лукоил: Марјан Цветковски 10’, Жарко Климкаров 12’, Мартин Алаѓозовски 39’
МЕПСО: Виктор Петрoвски 14’, 18’
Во дербито на колото, кое се одигра меѓу екипите на Лукоил и МЕПСО, можевме да проследиме доста израмнето прво полувреме во кое на почетокот Лукоил со одлична игра, пред се во нападот, успеа да дојде до водство од 2-0. Но екипата на МЕПСО по навремениот тајм-аут ги консолидираше своите редови и со два гола потполно се врати во натпреварот во кој првото полувреме беше израмнето 2-2. Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма. И двете екипи играа доста израмнето, се до последните моменти кога екипата на Лукоил успеа да постигне гол со кој ја запечати победата од 3-2.