Таг: алкохол

По 10 милиони години го победуваме мамурлукот!

Таман кога човек ќе помисли дека на светов не постојат вистински херои, ќе се појави научник што тврди дека знае како да се елиминира мамурлукот после пиење. Лоша вест: не одма, ќе си офкате уште некое време.

Алкохолот остана бесплатен во белгискиот парламент

Сложно како во ретко кои прилики, белгиските парламентарци го одбија предлогот за укинување на бесплатното пиво и вино кои ги добиваат за да не мораат да ги напуштаат пленарните седници.

Зошто на пијано ти се јаде донер?

Откако ова прашање е разрешено, следно нешто на што треба да се посветат научните капацитети е зошто донер на човечки достапно растојание од Балет, не е отворен во 4 наутро.

Композиторите кои биле „по чашката“

До сега на повеќе пати сме пишувале за (не)среќната врска помеѓу книжевноста и алкохолот. Но изгледа дека и композиторите не биле по млекото. 

Олимписко злато после проблеми со наркотици, алкохол и психа

Во 2000-та во Сиднеј како незрело момче го освојува златото за Америка во пливање. Набрзо паѓа во тешка депресија и три пати „се ракува“ со смртта поради предозирање со дрога, алкохол и апчиња за смиурвање. 16 години подоцна се качи на подиумот како најстар освојувач на злато.

Алкохолот е директна причина за седум типови рак

Лошо е што резултатите се од најнови научни анализи и се поддржани од експерти за здравје. Полошо е што важат и за оние што пијат алкохол и малку и умерено. Нуспојава, веројатно и алкохолот ќе добие етикети како цигарите.

Уште една победа за природната селекција

Градските власти на Дејтона Бич деновиве дадоа дозвола за започнување со работа на полигон за пукање. Во рамките на полигонот ќе има и ресторан. Во рамките на ресторанот ќе се служат и алкохолни пијалаци.

Светлата страна на мамурлакот

Текст на американски писател кој е толку често мамурен, што одлучил на ова да гледа не како на проклетство, туку како на благослов. Затоа што според него таа физички мачна состојба може да ви отвори духовно „трето око“, и да ви помогне повеќе да си го цените вашиот трезен, и немамурен живот.

Само битангите пијат млеко

Големите книжевни имиња влегле во легендите по пијанчењето - тие станале нераздвојни од нивните дела. Се пиело во сите епохи и веројатно уште од првиот пишан збор. 

Зошто луѓето пијат алкохол?

Се почнува од старите, многу старите, 10 милиони години старите. Е, тие стари додека бараат што да јадат собираат се и сешто од земја, вклучително и скапани веќе ферментирани плодови. Понатаму навиката само еволуира.

Иран има проблем со пиење

Официјално никој не пие алкохол во Иран, и никој не е алкохоличар. Неофицијално ова е една од најпогрешните статистики за Иран.

Зошто 3 ракии никогаш не се 3 ракии

Една од најголемите мистерии кај студиите за алкохол е што кога ќе го собереш целиот алкохол што луѓето пријавиле дека го пијат, тоа нема да биде ниту половина од вкупната продажба на алкохол. Значи или лажеме или стварно немаме поим колку пиеме.

Најмрачниот пензионерски живот на еден фудбалер

Пол Гаскоњ не е единствениот играч кој по завршувањето на кариерата тргна по погрешен пат. Слична приказна има и еден поранешен капитен на Саутемптон кој адреналинот од фудбалот го заменил со мешање на многу алкохол и кокаин.

Русите живеат кратко зашто често прават "живели"

Заради масовната љубов кон националната пијачка, секој четврти Русин е во опасност да не поживее повеќе од 55 години.

Умереното пиење и имунитетот

Студијава ќе им помогне на научниците да најдат нови начини за подобрување на имунитетот на телото, а вам ќе ви помогне да ги смирите сите дилеми додека попладнечки ја ставате чашата ракија / вино "за опуштање."

Прага се упристојува

Во обид малку од малку да ги расчистат улиците од пијани туристи кои ноќе шпартаат како Зомбија, властите на европскиот Лас Вегас го забранија пиењето на огромен број места во центарот на градот.

Како се вика „пијам да се опијам“ на француски?

На Французите мора да им се оддаде почит за напорот да стават јазична, па оттаму и културна брана, од туѓите влијанија. Секако, тие на долги стази ќе се покажат залудни. Но барем идните генерации ќе знаат дека некој некогаш се обидел.

Даноци кои завршуваат со мамурлук

За сите мудреци кои веруваат дека една од мерките за создавање на НОВИОТ човек е зголемување на даноците на алкохолот затоа што на тој начин тој ќе им стане помалку достапен на луѓето, еден течен пример од Русија.

Пијаната прослава на Барселона

Фудбалерите на Барселона си дозволија да испијат поголемо количество на алкохол за време на нивната парада по повод прославата на титулата, па почнаа да наликуваат на средношколци на екскурзија.

Како да (не) пиеш

Писателите се познати „љубители на добрата чашка", но некои од нив точно знаат како треба да се прави оваа работа за ем да уживаш, ем да не испаднеш сељак. Еве некои од нивните совети. "Don't drink and write" сепак не е најчестиот.

Може и ќе се спасиме

Секој човек има некој магичен лек за мамурлак и секој од нив магично не функционира кај ниту еден друг. Сега, научниците сериозно се фатија со решавање на мамурлакот на научна база.

Бурбонот ќе остане бурбон

Откако доживеаа невиден притисок од јавноста, Maker's Mark решија да стиснат заби и да не го разводнува познатиот бурбон. Целата галама беше околу 3-процентно намалување на алкохолот во бурбонот.