„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...
Фудбалерите на Ајакс бележат перфектен старт по првите две кола во ЛШ. Петарда во Лисабон против Спортинг, па триумф над Бешикташ за прво место во групата Ц. На Интер му се компликува патот до нокаут фазата, бидејќи по поразот на домашен терен од Реал, одигра само 0:0 на гости во Украина.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе од клупата во 85’ минута и беше дел од историскиот триумф во Лига на шампиони за клубот кој постои во многу необични околности. Сопственикот газдува буквално со сè таму.
Македонската фудбалска репрезентација дебитираше летово на Европското првенство кое се одигра во 12 земји, а од историското учество ќар имаа и три екипи од Шпанија.
Не беше лесно да се врати ентузијазмот на Италијанците после фијаското со Вентура и мачните карантински денови во кои беа врзани дома. Манчо успеа во тоа и покрај победите, го врати духот и ја обедини репрезентацијата која заслужено е на тронот на Европа.
Со доминанта и моќна партија, селекцијата на Англија ја декласираше Украина и ја потврди фаворитската улога во последниот четвртфинален меч на ЕП. Два гола на Хари Кејн. Три од четирите погодоци ги дадоа со глава, што е рекорд на едно Европско.
Многу селекции од кремот на Европа се соочија со рана елиминација на ЕП, но селекцијата на Данска не се дава и му вети на Кристијан Ериксен пласман во финале. На прагот се да го остварат. Им преостанаа уште 90 минути. Чешка - Данска 1:2.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Прво и основно има многу голови, повеќе од било кога. Потоа судењето е одлично, малите им прават сериозни сопки на големите и што е најважно, се игра пред навивачи.
Четврти осминафинален натпревар кој отиде во продолженија, што е рекорд во историјата на нокаут мечевите од ЕП. Овој пат беше решен во последните мигови со гол на Артем Довбик кој погоди за 2:1 и закажа битка со Англија. Ги искршија стативите во регуларните 90 минути.
Стерлинг и Кејн ја решија фудбалска класика во своја корист и ја испратија Германија дома. Англија оди во четвртфинале против Шведска или Украина, а Јоаким Лев ја завршува долгата селекторска функција од 15 години.
Позитивниот впечаток кој го остави Македонија на дебитантското Европско првенство го измерија по повеќе параметри, а меѓу нив не смееме да го заборавиме и голманскиот.
По 13 дена европски фудбал во кои паднаа 55 гола или 2,3 во просек и кои ги следевме со голема страст и љубов поради деби перформансот на Македонија, конкуренцијата од 24 селекции се намали на 16. Таму нема повеќе простор за калкулации од типот, полека, 2:2 ќе си ја држиме.
Македонската фудбалска репрезентација ги завршува настапите на Европското првенство, за жал со висок пораз кој не го заслужи. Крај на репрезентативната кариера за Горан Пандев кој доби дрес од домаќините. Ти благодариме легендо.
Македонските навивачи се хит на Европското по многу основи, а еден од оние кои привлече внимание на социјалните мрежи е тој со тапанот кој го дупна за Македонија.
Пријателски почнаа, пријателски се разделија. Ете тоа е убавината на фудбалот. Македонија и Украина синоќа играа меч вреден осминафинале, а нивните навивачи покажаа како се слави еден фудбалски празник наречен Европско првенство. Респект момци за скандирањево.
Македонија одигра многу содржински натпревар, неспоредлив со оној првиот, па затоа репрезентативците беа дополнително разочарани што не успеаа да стигнат барем до бод. Притисок пред голот на Украина, поништен гол на Пандев, јака акција на капитенот со Адеми...
Македонската фудбалска репрезентација го загуби и вториот меч на ЕП 2020, но овој пат со многу подобра и похрабра игра. Голема штета. Шевченко се препоти во второ полувреме.
Во Букурешт утринава е фудбалски празник за Македонија, а после фотографиите и снимкиве ќе помислите дека ние сме домаќини, а не Романците. Синоќа журката беше на дожд, а денеска огреа сонце, па редот е да се угаси жедта и тоа на шампионски начин.
Македонските фудбалери беа насмеани и расположени на последниот тренинг пред судирот со Украина, кој може да биде клучен за пласман во втората фаза на ЕП. Тимскиот дух го билдаа со нивната препознатлива игра.
Се вжештува атмосферата за вториот меч на македонската фудбалска репрезентација, па поради гужвите во Букурешт, ФФМ објави еден кус апел до навивачите.
Македонските навивачи кои според некои проценки ги има околу 4.000 на Европското, веќе имаат стаж од три - четири дена таму, па споделуваат корисни информации и совети за некој што ќе се реши да патува за мечот Македонија - Украина. Фрлете око.
Ситно броиме до мигот вреден историја за македонскиот фудбал и спорт воопшто, а првиот ден на кој ќе ни се потат рацете пред ТВ е 13 јуни. Мрме ги прозва пулените од кои се очекува гордо и достојно да ја претстават Македонија во европскиот крем од 24 земји учеснички.
Како беше она, зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано. На 24 дена до стартот на историското ЕП за Македонија, многу тешко ќе се стигне до карта за да се истера ќеифот на лице место. Спремајте си ги телевизорите дома.
По цела една година и кусур празни и пусти стадиони, фудбалот наскоро колку толку ќе добие поголем драж. ЕП 2020 дефинитивно ќе се игра со навивачи. Стадионите нема да бидат фул, ама со оглед на лудово време и ова е добро.