Со четвртфиналето, полуфиналето и финалето кои следуваат и со времето кое дозволува да се случат уште многу јаки работи, групната фаза и првата нокаут рунда веќе оставија силен впечаток.
Почнувајќи од стравот што ја донесе колапсот на Кристијан Ериксен до најголемиот интерес за негово опоравување.
НИТУ ШАМПИОНИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ПОБЕДА
Португалија и Франција влегоа како шампиони на Европа и на светот, но и двете селекции испаднаа во првата нокаут фаза. Португалија не можеше да ја победи Белгија, додека Франција беше испратена дома од Швајцарија на пенали и покрај тоа штоима водство од 3:1.
ШПАНИЈА ПОВТОРНО Е ВОЗБУДЛИВА
Шпанците се соочија со многу критики и се бореа да постигнат гол, но потоа дадоа 5 против Словачка и уште 5 против Хрватска по продолженијата. Откако разочараа на последното Европско првенство во Франција и на Светските првенства во Русија и Бразил, тие повторно делуваат ветувачки.
ГОЛ ОД РЕКОРДНА ДАЛЕЧИНА НА ЕП
Патрик Шик испиша историја на ЕП 2020 со феноменален удар од 45 метри и 44 сантиметри против Шкотска. Имаше голем број на одлични голови ова лето, но можеби оној на чешкиот напаѓач беше најдобар.
КАМ БЕКОТ НА НАВИВАЧИТЕ
После повеќе од една година празни и безживотни стадиони, фудбалот е повторно во рацете на навивачите. Копенхаген и Арената Пушкаш најдобро покажаа колку е позабавен фудбалот со полни трибини.
ЗАГАРАНТИРАНИ ГОЛОВИ
Два од најефикасните денови на ЕП се случија ова лето. Во понеделникот паднаа 14 комада. Всушност, веќе имаше повеќе голови до сега на ова Европско отколку во целото во 2016-та. На 42 натпревари имаше 118 голови и само две средби 0:0, Шпанија против Шведска и Англија против Шкотска.
ПОВЕЌЕ АВТОГОЛОВИ ОД БИЛО КОГА
Мерих Демирал си даде автогол на отворањето на Еврошампионатот и веќе има 9 автоголови, што е рекорд.
КРИСТИЈАНО РОНАЛДО, РЕКОРДЕН ГОЛГЕТЕР
Со петте гола кој ги постигна на овој турнир, Роналдо се искачи на врвот на вечната листа на стрелци на ЕП со 14 погодоци. Со неговите вкупно 20 постигнати на ЕП и СП, тој е прв со најмногу голови на двете најголеми натпреварувања. Плус го стигна и Али Даеј и сега се рекордери со по 109 погодоци во меѓународниот фудбал.
СЕМЕЈНИ ВРСКИ
Федерико и Енрико Киеза станаа првите татко и син кои постигнале гол на Европско првенство. Енрико во 1996-та, Федерико ова лето. Торган и Еден Азар се приклучуваат на митскиот список на браќа на кој од претходно се Лаудруп и Де Бур, кои играа заедно за репрезентација.
ИЗНЕНАДУВАЊАТА НА МАЛИТЕ
Унгарија, Швајцарија, Чешка па и Украина направија многу на ова Европско, а последните три влегоа во четвртфинале.
ОДЛИЧНО СУДЕЊЕ
По 44 натпревари немаше многу контроверзии околу судењето. Најмногу се фатија за трите пенали на Антонио Матеу Лахоз, но и тогаш не се крена огромна прашина околу неговиот учинок, бидејќи два беа чисти.