Видовте ли кој е голман број 2 во групната фаза според одбрани?

Позитивниот впечаток кој го остави Македонија на дебитантското Европско првенство го измерија по повеќе параметри, а меѓу нив не смееме да го заборавиме и голманскиот.

По сумирањето на впечатоците и обработката на статистичките анализи, имаме убав податок кој произлезе од досегашниот дел на Еврошампионатот.

Нашиот Столе Димитриевски да ти бил на второто место по број на интервенции. Прв е Чакир со 18, а потоа следува македонскиот репрезентативец кој има идентичен број на одбрани со голманите на Велс и Финска.

Инаку Димитриевски најдобрата партија ја пружи против Украина, меч на кој одбрани пенал и имаше вкупно 7 интервенции, а го прогласија и за најдобар голман на колото.

На поранешниот голман на Работнички, перформансите на Европското првенство може и да му го отворатот патот кон поголем клуб од Рајо Ваљекано.

НОЕР ЛИ Е, СТОЛЕ ЛИ Е?

25 јуни 2021 - 14:00