За осминафиналните натпревари ќе може да се припремите психички, а има време и за набавка на пиво, бидејќи денес и утре во Еврошампионатот е пауза, што значи подготвувајте се за празничен викенд.
Први кои ќе ги вкрстат копјата во нокаут фазата се двојките Велс – Данска во 18 часот и Италија – Австрија во 21, натпревари кои се играат во сабота.
Фудбал ќе има четири дена по ред или по два осминафиналните натпревари дневно, а потоа нова дводневна пауза па четвртфинале.
Во очи бодат три мега битки: Хрватска – Шпанија, Белгија – Португалија и вечната фудбалска класика Англија – Германија. Тоа значи дека во топ 16 куфери сигурно ќе пакуваат три големи репрезентација за кои само врвот е успех.
Вториот многу важен сегмент за следење е како потоа вкрстуваат, а за тој дел обрнете добро внимание на шаблонот кој го имате најдоле.
На едната страна ако минат фаворитите, во четвртфинале ќе гледаме лудило од натпревари или Франција против Шпанија/Хрватска и Италија против Белгија/Португалија. Што значи ќе има нови големи разочарувања на големи земји.
Од другата страна патот е полесен, бидејќи ако Холандија стане четвртфиналист ќе се соочи со подобриот од дуелот Велс – Данска. Тој пак што ќе го мине дербито Англија – Германија ќе се падне со Шведска или Украина.
Гледајте и анализирајте, а ако уште не сте го симнале овој фајл за пополнување резултати, никој нема да ви замери, туку само клик тука euro2021.xlsx. Плус пополнет ви го даваме.