Кон крајот на 2016-та Трамп во еден свој Твитер проглас порача "Обединетите нации имаат толку голем потенцијал, а моментално се само клуб на луѓе што се собираат, зборуваат и убаво си поминуваат. Тажно." Ова кај добар дел од поборниците на глобалната институција предизвика напад на уште повеќе твитање и пишување едиторијали.
Досега ги обвинуваше дека се нефер и дека водат политики кои ги искористуваат. Доналд Трамп сега внесе и 200 години стара историска болка во литаниите против северниот сосед.
По повод првиот говор на Трамп за состојбата на нацијата, Џими Кимел како своја главна гостинка ја закажа Сторми Даниелс, порно-ѕвездата кој можеби земала 130.000 долари од Трамп за да молчи за една средба која можеби ја имала со сегашниот американски претседател пред неколку години.
Њујорк Тајмс објави портрет на претседателот на CNN поставувајќи го во херојска рамка како „првиот човек на отпорот“ против претседателот на САД. Слична аура околу себе градат и Мика Бжежински и нејзиниот партнер од утринската програма, само затоа што Трамп ја нападна Мика (простачки и сељачки, ко што знае). Ок, ајде да ги видиме „отпорашите“
Она што почна како кампања за претседателска кандидатура на Берни Сандерс, продолжи како борба на Сандерс и неговите симпатизери против Трамп. Прв чекор од планот, преземање на контролата на сопствената партија.
На Доналд Трамп му доаѓа убаво кој било од Холивуд да го пофали, не па еден од култните фигури на филмската уметност. Дејвид Линч во актуелниот претседател гледа потенцијал да стане еден од најголемите претседатели кои САД воопшто ги имале. Оние што се ежат на Трамп викаат дека ваквата изјава на Линч му ја разбираат колку што му ги разбираат филмовите.
Њујорк Тајмс на психијатриски кауч го става Доналд Трамп и неговиот терсене табиет заради кој никој во Белата куќа не смее да помисли да му зуцне а не па да му каже дека некаде погрешил или претерал со Твитер. Освен еден човек.
Утехата на демократите е дека веќе е крајот на 2017 и се ближат меѓу-изборите за Конгресот во 2018, па за не така долго време "се додека успееме да избегнеме нуклеарна војна" претседателските избори во 2020 ќе бидат крајот на Трамп, пишува Пол Волдман во Вик.
Шпанскиот министер за надворешни работи објави дека американскиот претседател му предложил тактика за спречување на напливот мигранти од Африка, при што зборот „тактика“ е многу либерално употребен во овој контекст.
Во сатиричната колумна која комичарот Енди Боровиц ја пишува за Њујоркер, „Боровиц рипорт“, тој ја дефинира главната линија на раздор помеѓу Трамп и неговата можна конкурентка во претседателските избори 2020 - тој мрази книги, таа има читачки клуб. И тоа би требало да е доволно за Американците кога следниот пат ќе гласаат.
Знаевте дека на Американките апчињата за контрацепција им влегуваат во здравствено осигурување? Е па, сега адмиинистрацијата на Трамп има идеја како да не им влезат.
Американскиот секретар за трговија го сподели своето пријатно изненадување од народот во Саудиска Арабија затоа што во текот на посетата на Трамп, немало никакви протести или демонстрации во земјата. Има само еден мал проблем во ова; во Саудиска Арабија се забранети протести.
Рускиот заменик јавен обвинител Саак Карапетјан загина откако неговиот хеликоптер се срушил во шума на северо-исток од Москва. Карапетјан се смета за човекот со кого директно соработува Наталија Веселницкаја, руската адвокатка што во 2016 се сретна со луѓето од штабот на Трамп.
Нема тука многу за кого да навиваш. Вообичаено секојдневно шакетање во Белата куќа, во случајов во врска со мигрантскиот карван од централна Америка. Боите на телевизијата ги брани Џим Акоста, а за Трамп игра Доналд. Од политичка тема брзо се доаѓа до: „Вие сте груб, ужасен човек.“
Сто дена подоцна и најмалку два пати повеќе разумни забелешки и аргументи, и симпатизерите на Трамп почнуваат да ја воочуваат грешката што ја направија. Може е доцна за ова гласање, ама барем нема да им се повтори грешката на следните избори.
"Ќе ги разликувам Хамас од Хезболах кога ќе дојде време за тоа", рече човекот кој планира да го приближи својот прст до копчето за лансирање нуклеарни ракети.
Расипан телефон низата по која доаѓа информацијата е Москва > европско разузнавање > американски експерти > американски медиуми, а исходот е: Дејли бист пренесува дека американски експерт им пренел тврдење од европски функционери дека Москва очекува нивниот лидер да истресе купишта доверливи информации од Трамп.
2021 година, претседателот Доналд Трамп за кратко ќе даде заклетва за својот втор мандат. 45-от претседател е видно остарен во последните 4 години. Тој силно се потпира на раката на својата ќерка Иванка за време на неговите ретки појавувања во јавноста.
Постојаното искричење меѓу Трамп и медиумите (овој вреска „Лажни вести!“, овие врескаат „Судир на интереси!“) се чини дека е една од досега невидените иновации кои ги донесе негото запоседнување на Белата куќа. Но, еден друг нејзин станар, легендарниот Френклин Делано Рузвелт, на новинарите кои ги сметал за предавници им делел кукасти крстови.
Освен што се клатеа и играа, Трамп и Саудијците тераа бизнис како првиов никогаш да не рекол дека саудиските принцови контролираат американски политичари со пари од татко им.
Уште непочнат работниот дел од состанокот, во она уводно парче во кое новинарските екипи имаат пар минути да фатат фотографии и видео снимки додека главните играчи главно разменуваат куротазни погледи и пораки, Трамп реши на Столтенберг јавно да му плесне пар факти за тоа кој е под руско влијание.
35 угледни американски психијатри се собраа на конференција на универзитетот Јејл за да дигнат аларм дека менталното здравје на американскиот претседател може да биде опасно по земјата. Тие обично не даваат дијагнози пред лично да го проверат некого, ама викаат дека ова се гледа од авион.