Советот од Трамп до шпанската влада бил идентичен со она што тој го планира дома за решавање на проблемот со нелегална миграција од Мексико, само овој пат во уште помегаломански размери - изградете ѕид низ Сахара.
На загриженоста на шпанските дипломати дека Сахара се простира на над 4.800 километри, Трамп одговорил дека границата со Сахара не може да биде подолга отколку американската граница со Мексико. Американско-мексиканската граница е долга 3.145 километри.
Дополнителна разлика е што додека Трамп има пристап до 100% од американско-мексиканската граница, Шпанија има само две мали енклави во Северна Африка, кои се простираат на незначителен процент од целата должина.
Само годинава во Шпанија од Африка пристигнаа 33.600 мигранти, а околу 1.700 загинаа во обидот за минување на Медитеранот. Ова е три пати повеќе отколку истиот периодт минатата година, што значи дека Шпанија ги помина Италија и Грција како главна дестинација за минување на Медитеранот.