Ајн Ранд родена во Санкт Петербург, мажена и умира во Њујорк, е еден од водечките американски гласови за идејата дека во општеството има "создавачи" (во смисла богаташи) и "зимачи" (во смисла сиромашни и социјални случаи), a "зимачите" се паразити кои само им стојат на патот на морално-супериорните иноватори, зборови што ни самиот Трамп, ниту па неговите колеги, не би можеле подобро да ги смислат.
Еден американски медиумски теоретичар има интересно гледање на порастот на новиот национализам, олицетворен во подемот на Доналд Трамп и резултатот на брегзит: Дигиталното опкружување во кое живееме не го обединува светот како што се надевавме. Напротив.
Како што почна да зема на сила тазе објавената снимка со фалењето на Трамп околу жените, така републиканскиот кандидат одржа прес-конференција каде на своите поддржувачи, а и на сè останато, им порача "никогаш нема да се откажам од трката за претседател."
Работник, домаќинка, канцелариска службеничка, луѓе од народот, оние кои живеат од сопствениот труд, ги исправаат медиумските неправди кои му се нанесени на Доналд Трамп. Рекламата е бесплатен подарок од Saturday Night Live.
Доминантноста која ја покажа Доналд Трамп во Супер вторникот победувајќи во 7 од 11 држави повлече и контра реакции. Сајтот на канадската влада едвај ги издржал посетителите од САД.
Словенечкиот филозоф вели дека победата на Трамп е добра работа затоа што може да биде аларм за будење на заспаното општество и особено либералната елита која има изгубено допир со реалноста. И се чуди како Хилари мислеше да победи со коалиција во која ќе бидат и Вол Стрит и Окупирај го Вол Стрит.
Самиот Стивен Колбер признава дека најголемиот проблем што го има со Трамп е што едноставно не може да го пофатиш човекот, таман за едно се избламирал, не поминал ни ден, прави нова глупост. На пример во вторникот избрка бебе (вистинско, автентично, оригинално човечко бебе) од прес-конференција, во средата изјави дека Хилари е основач на ИСИС. И така, веќе година и кусур.
Поранешен генерал на НАТО, заменик командант на Алијансата за Европа, на широко разработува сценарио налик Украина 2014, само што наместо некаде далеку се случува на западната граница на Русија, додека во исто време клучната членка е под власт на Трамп.
Анализирајќи го системот на претставничка демократија, Њујорк тајмс прави пресметка за тоа колку луѓе гласаа за Трамп и Клинтон да бидат двајцата кандидати од кои ќе се избира владетелот на Американците и пошироко.
Човекот кој успеа да го преживее баражот од негативни реклами (и речиси неспоредливо многу критики) за да стигне до републиканската номинација, пред почетокот на битката со Хилари изгледа многу кутро во однос на капацитетите за купување простор за реклами.
"Ќе ги разликувам Хамас од Хезболах кога ќе дојде време за тоа", рече човекот кој планира да го приближи својот прст до копчето за лансирање нуклеарни ракети.
Доналд Трамп успеа да ја води републиканската трка за претседателски кандидат без ниту една ТВ кампања (ви текнува?). Сега кога се ближат битните предизборни тестови во Ајова и Њу Хемпшир, Дамб реши да го јавне и етерот, со првиот спот за чие објавување ќе дава по два милиони долари неделно. Спојлер за неупатени: бара забрана за влез на муслимани во САД, "додека не сфатиме што се случува".
За разлика од анкетите што речиси од почеток на трката покажуваат предност на Хилари, републиканскиот кандидат најде колку-толку оддишка во прогнози од вештачката интелигенција.
Од почетокот на годинава, Луи секоја сабота им пишува меил на фановите во кои обично ја најавува следната епизода на неговото шоу "Хорас и Пит." Неделава мејлот имаше еден поопширен постскриптум.
Се вика Мајкл и има тежок ден. Работи 9 часа дневно како екстерминатор на бубачки, што веќе станува физички истоштувачки за 45-годишникот кој нема завршено колеџ и кој заработува по 33.000 долари годишно, а приходите му зависат од постојан прилив на штетници кои ги вознемируваат луѓето во неговата 90% рурална област.
Режисерот и уметник од Лондон, Гај Ларсен, во сликовница која и не е баш за деца, тврди дека виновник за проблемите со трамповата зла личност и исто такво дело лежи во неговиот заштитен знак - мистериозната коса.
Од една страна, мимикрирањето на политичка сатира во форма на детски сликовници е симпатично, можеби на долги стази и поучно. Од друга страна, мора ли и децата да ги заморуваме со истите ликови со кои сме опседнати ние?
Ноам Чомски го нарече „посмртно ѕвоно за човечкиот вид". Стивен Кинг и уште 450 американски писатели потпишаа петиција против неговата кандидатура. Нo има и такви писатели кои велат дека, за арно или за лошо, тој до сега не направил ништо што е против принципите на демократијата.
Кинеската државна пропаганда со нескриено задоволство ги следи случувањата околу претседателските избори во САД и со сласт го мези сето она што Доналд Трамп му го прави на системот и досега вообичаените стандарди на политичката битка.
"Јас не сум бел националист, јас сум националист. Економски националист", вели Стив Бенон, креаторот на победничката кампања на Трамп кој уште сега се смета за вториот најмоќен човек во поставата на идната Бела куќа. Човекот има пари направено со помош на истите оние кои ја поддржаа наизменичната струја на Тесла.
Едниот затоа што е тешка сировина од човек а другата затоа што е толку преработена што не се гледа човекот, републиканскиот и демократскиот кандидат за американски претседател здружно постигнаа интересна цел: на човека да му ги згадат изборите.
Доналд Трамп веќе ги откажал секојдневните брифинзи кои американски претседател ги добива за клучни информации во земјата и во светот. Еднаш неделно му било доволно. "Ако се случи нешто битно, може да ме побараат. Инаку, шо џабе?", размислува идниот станар на Белата куќа.
Tрката е готова. Меѓу магарето и змијата, Американецот го одбра првото. Нека им е честито. само да не му даваат да си игра со тоа копчињата од нуклеарките.