Откако кон крајот на минатата година Ноам Чомски ги обвини Славој Жижек и покојните француски филозофи Жак Лакан и Жак Дерида, дека се "позери што ги китат тривијалните идеи со надувани фрази за да звучат длабоко," деновиве стигна и одговорот од Жижек.
Пред изборите во јануари, Жижек имаше свој текст во кој пишуваше за "итната неопходност за победа на Сириза во Грција," и дека тоа е единственото вистинско решение за земјата. Деновиве го коментираше и (по него неизбежниот) пораз на Сириза во преговорите со ЕУ.
Славој Жижек има добра слика за тоа што се случува со природната околина. Еден од ретките со суштинска критика, особено против индивидуалистичкиот пристап кон проблемот, со опсесивно рециклирање, веганство и слични претерувања. Сето тоа според Жижек е одраз на немоќта на индивидуата и бегање од реалноста: проблемот може да го реши само целиот свет заеднички, како обединет колектив.
Словенечкиот филозоф е загрижен поради европскиот однос кон бегалците. Не од крајната ксенофобна десница која цути низ континентот туку од заблудите на либералите и онаа хуманитарност која се темели на тезата дека сите сме исти. "Не сме сите исти", порачува Жижек залагајќи се за солидарност на реалистични основи.
Феминистичкото отфрлање на Фројд води кон една залудна желба сексот докрај да се рационализира бидејќи тој во суштина е перверзен. Политички коректните препораки да не се зборува за убавото и убавите луѓе (да не би биле објективизирани) не им помага ни на грдите, порачува Жижек.
Лавината емоции и жестоки дебати околу последната сезона на Игра на тронови и особено нејзиниот крај, словенечкиот филозоф ја гледа како резултат на идолошките конфликти во неа. Според Жижек, таа допре пар големи идеолошки уплави: стравот од револуцијата и стравот од политички моќната жена.
Нашата природна состојба е состојба на инертен хедонизам и оттука парадоксот: колку подолго живееме слободни, толку повеќе биваме неслободни, заробени во постоечките рамки на можностите, вели Слaвој Жижек. Затоа, во нашата сопствена слобода треба да нè подбутне некој од надвор.
Словенечкиот филозоф вели дека победата на Трамп е добра работа затоа што може да биде аларм за будење на заспаното општество и особено либералната елита која има изгубено допир со реалноста. И се чуди како Хилари мислеше да победи со коалиција во која ќе бидат и Вол Стрит и Окупирај го Вол Стрит.
Колку и да звучи будалесто, актулниот конфликт меѓу Иран и САД почнува да потсетува на виц. Само што за нас Европјаните, има уште многу работи од кои може да се плашиме.
Трамп се покажа како кукавица а неговите приврзаници, ако навистина им е до каузата, би требалко да гласаат за Сандерс, оценува словенечкиот филозоф. „Да се надеваме дека она што се случи на шести јануари во Вашингтон ќе стави крај барем на бесрамното испраќање американски набљудувачи на избори во други земји за да ја оценуваат нивната правичност“, порачува Славој Жижек.
Има нешто чудно околу свечените декларации дека сите ние сме во војна против Исламската држава - сите светски суперсили против религиозната банда која контролира мало, претежно пустинско, парче земја...
„Не можам да имам секс за една ноќ. Во Љубљана точно можете да погодите со кои жени сум спиел. Со сите се имам оженето“, вели меѓу другото Славој Жижек во мозаичниот текст за тоа како е да се биде лош татко, за агресијата која во него расте и за тоа како скрибоманството му го спасило животот.
Од Вуди Ален до Жижек, сè на сè 290 уметници, мислители, писатели, режисери и останат кулурен крем, во прво лице еднина, било со звук, било со видео. Мезете.