- Новото раководство на Северна Македонија ги крши словото и духот на Преспа, порачаа поранешните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас во заедничката колумна за Еуроактив.
- Двајцата поранешни премиери кои го постигнаа договорот, ги повикуваат Европската Унија и меѓународната заедница јасно да му стават на знаење на новото раководство во земјава дека почитувањето на договорот е единствениот пат.
- Тврдат дека кршењето на Преспанкси нема да ја доведе во прашање само европската иднина на Македонија, туку и нејзината иднина во целина.
- Малиот математички генијалец Македон Димитровски освои златен медал на Математичката олимпијада за основни училишта од САД.
- Македон на натпреварот учествуваше преку училиштето „НОВА“ каде што доби целосна стипендија за образование обезбедена од компанијата Пантелеон ГС и „НОВА“.
- Оваа математичка олимпијада постои од 1979 година и претставува едно од најпознатите натпреварувања од областа на математиката во САД и во целиот свет, на кое секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.