Вести › Набрзинка
Андоновски: Видливост и невидливост
-
Нема веќе господа, медиумска ДИКТАТУРА: не зависиш веќе од тоа дали госпоѓата телевизија ќе се сети да те покани или не – сам ќе си се поканиш, сам ќе си се пофалиш. И? Добро ли е тоа?
-
Јас сум за тоа да се врати елитизмот на некои професии: лекари, даскали, новинари. Кога сум кај елитизмот: кој нормален ќе се побуни против „елитизмот на пилотите“ и ќе побара „демократизација на пилотската професија“? Па зар секој треба, во име на демократијата, да вози авион?
-
Е па, не е секој СПОСОБЕН ни за во медиум.
-
Човекот самиот се брендира и насила се прави стока! Луѓето веќе и не патуваат за да доживеат некое место, туку за да создадат фотографија, со која ќе ја одржат видливоста. Видливоста станува мерка за вредност, а тишината или невидливоста знак на социјална маргинализација.
-
Медиумите од бацили направија колосални општествени фигури, а големите станаа невидливи. Утеха: и Бог, иако е најголем – е невидлив.
Заради Регулаторна, за нови цени на горивата ќе мора да се чека понеделник
- На 4 март, во пресрет на очекуваното зголемување на цените на горивата, Регулаторната комисија го изменила правилникот за утврдување на цените.
- РКЕ ја укинала важечката одлука од времето на пандемијата по која цените можат да се се менуваат секој ден ако промената треба да биде над два денара по литар.
- По ново, цени ќе се одредуваат само в понеделник, пренесува Емагазин.