Децата на Мадона имаат строги правила за почитување и човек да се запраша дали се исплати да живееш со милионер, ако не смееш никако да помислиш да ѕирнеш во телевизор или да се напиеш вода од чешма.
На пример, затворот Халден (максимално обезбеден) ги охрабрува чуварите да се дружат со затворениците, со спортови, јадење заедно и други активности. Целта е да се спречи агресија од двете страни и да се создаде чувство на фамилија.
Јасно ни е дека дома вака нема да излезе со два-три потези, ама убаво е човек да си замисли. Дали има потреба од ова е исто така под прашалник, ама па, брзо ќе се стемнува, ладно ќе биде за излегување... Што ќе правиме дома?
Можеби сте налетале веќе скролајќи по Фејсбук, најава за видео со реакција на новиот крал, Чарлс, каде што е „толку дрзок“ што нацијата не знае што да мисли. И си викаш, два дена е крал, одма ли ќе се дере?
Модната новинарка Ејми Одел напиша книга за уредничката на Вог што излезе минатата недела и полна е со тајни и приказни за животот и кариерата на Ана Винтур.
Во последниве две години, продажбата на фармерки, штикли и формална облека руши рекорди во паѓање. Пандемијата донесе нова униформа, каде што сè што е неудобно или дотерувачко за кратко време го снемува, па не е ни чудо што луѓето шпекулираат дека градникот - едно од најиритантните парчиња во гардероберот на секоја жена - е на раб на исчезнување.
Њујорк Тајмс ја одобри идејата дека наводниот ретрограден био-есенцијализам на Џ. К. Роулинг не само што не е модерен, туку го прави нејзиното постоење непожелно.
Кери Бредшо се омажи за Џон Џејмс Престон во небрендиран винтиџ костум со сукња, во општина. Претходно, ја извиси во Њујоршката јавна библиотека во џиновскиот Вивиен Вествуд фустан со плавата птица на глава. Но, реалниот фустан, кога Сара Џесика Паркер се омажи за Метју Бродерик сè уште не го добива еднакво заслуженото внимание. Сега ќе видиме.
Екипата (барем дел од неа) на „Хари Потер“ се собра да прослави 20 години од првиот филм во специјална епизода на ХБО. Зборуваа тројцата најбитни, па Роби Колтрејн, па Хелена Бонам Картер и Гери Олдман, тројца од режисерите и други слични важни имиња. И имаше 2-3 архивски снимки од Роулинг без која еден куп деца сега немаше да имаат кариери, а милиони ширум светот немаше да имаат - Хари Потер.