Реакцијата на кралот што ја подели нацијата

Можеби сте налетале веќе скролајќи по Фејсбук, најава за видео со реакција на новиот крал, Чарлс, каде што е „толку дрзок“ што нацијата не знае што да мисли. И си викаш, два дена е крал, одма ли ќе се дере?

И некои медиуми мртви сериозни имаа такви наслови со „поделена нацијата“. Едни го оправдувале што така „страшно“ се однесувал, други велеле „нема да му помине“.

Чекајте прво да видите за што се работи.

Кралот треба да потпише заклетва пред камери, и таму каде што треба да седне му се мотаат некакви мастиларници и слично. И еве го што прави:

Твитот вели „Замисли да почитуваш некого што вака третира човечки суштества“.

Што, малку ви е?

А видете ова!

Ако не па, гилотина да се врати?

Сумирано од, фала богу, повеќето коментари на твитот, замислете вие, крал, до завчера принц, што е прашање дали и некогаш си ја држел четката за заби, пред сè човек што ги загуби двата родители за многу кратко време и сега пред очите на милиони ширум светот треба да го потпише најважниот документ во неговиот живот, тивко бара од неговите вработени - да тргнат нешто што му пречи на маса!

Нешто ни се чини дека истиве снегулки згрозени од оваа „дрскост“ се први да се издераваат по недолжни келнери кога ќе им згрешат кафе.

11 септември 2022 - 21:12