Дневна доза женско искуство

Изјави што го отсликуваат женското секојдневие собрани од по интернет. Стварно да се замисли човек.

1. Не бираш меѓу двајца или тројца, туку меѓу со некого и сама.

Луѓето мислат дека се натпреваруваат со други додворувачи кога излегуваат со мене, но јас реално ве споредувам со мојата самотија. Тоа е конкуренцијата. Дали твоето друштво е подобро од тоа да бидам сама? Дали растам во твое присуство како кога сум сама? Дали сум безбедна? Има ли радост? Има ли мир?

2. Како мислиш, маж го измислил календарот?

Кога бев студент на Кембриџ, се сеќавам дека една професорка по антропологија ни покажа слика од коска со 28 резови на неа. „Ова често се смета дека е првиот обид на човекот да направи календар,“ објасни таа. Направи пауза додека да го запишеме ова. „Прашањето до вас ми е - кој човек (маж) има потреба да означи 28 дена? Јас би ви рекла дека ова е првиот обид на жената да направи календар.“ Беше момент што ми го промени животот. Во истата секунда се посомневав во сè што ме учеле во минатото. Колку често сме пропуштиле да признаеме женски придонес?

3. „Машко е, ти си попаметна.“

Нешто што цел живот го слушам: „Девојчиња, машките созреваат побавно од вас. Попуштајте им.“

Нешто што никогаш не сум го слушнала: „Дечки, девојчињата созреваат побрзо од вас. Нека ви бидат пример за интелигенција и водство.“

4. Браво Дизни уште пред 52 години. 

Може ли, ве молам, да поразговараме за госпоѓава? Како беше повозрасна, сингл дама што целиот имот им го остави на мачките и како аниматорите можеа да ја направат стереотипна бабускера со мачки, но наместо тоа ја нацртале како прекрасна и грациозна, сè уште пред огледало како да се преправа дека е принцеза на 70-80 години?

5. Да се заљубиш после дружење е едно. Да влезеш во дружењето со задни намери е друго.

Мажите уживаат да се жалат колку им е глупо во френдзон, ама може ли да поразговараме за тоа како е да си женско и да сфатиш дека не си имала другар, туку некој што само чекал и чекал во еден момент да се согласиш да спиеш со него? Ужасно е чувството.

6. И ова:

извор

26 мај 2022 - 10:18