Нов тренд за убавина: витаминска инфузија

Значи, инфузија со игла.

Индустријата за здравје и велнес се очекува да порасне за над 1,661 милијарди долари во следните пет години и има еден фасцинантен правец што ги спојува и здравјето и велнесот во нешто што се вика интегративна естетика. Експертите сѐ почесто се трудат да се насочат кон функционална и интегративна медицина за анти-ејџинг и убавина, па постојат и витамински инфузии, кои во моментов се трендинг.

„Пред една деценија, нутритивните инфузии беа популарни само меѓу славните личности и некои луѓе што се мачеа со сериозни болести. Денес како сите да почнаа да ги имплементираат во нивната велнес-рутина,“ вели Кетрин Чанг, директорка на институт за натуропатска медицина. „Во последниве неколку години забележуваме драматична побарувачка.“

На „пациентите“ им се допаѓа идејата да работат додека им капе инфузија и сега им е многу подостапна оваа екскурзија од порано.

Поврзаноста на убавината и внатрешното здравје експертите не можат да ја одречат, бидејќи сѐ што се појавува надворешно има корен внатре во телото, барем делумно. Затоа, освен специјално изработени коктели што влијаат на сјајна кожа и физички показатели на стареење, сега има и за внатрешно стареење. Ова се објаснува со фактот што стареењето го одредуваат и внатрешни фактори како генетика и физиологија, и надворешни - стрес, животен стил и слично. За да се опфатат и двете страни, комбинација од инфузија и топични производи за нега на кожа носи до оптимални резултати.

Некои од омилените мешавини се високи дози на витамин Ц, бакар, цинк и аминокиселини, но може да се направат според потребите на пациентот. Меѓу најчестите:

Витамин Ц
Глутатион
Никотинамид Аденин Динуклеотид
Магнезиум
Физиолошки раствор
Цинк
Фосфитидилколин
Ниацинамид
Б Витамини

Е сега, не е без ризик. Она што е совршена комбинација за еден, може да е катастрофа за друг - од исклучителна важност е прво да се разгледа и работата на бубрезите и црниот дроб. Тие што се склони кон акни, може треба да избегнуваат витамин Б12 затоа што активниот микронутриент метилкобаламин може да доведе до воспаление на кожата.

Ама не звучи лошо. Мамурлак на пример поминувал за 35 минути со инфузија, а два дена инфузија расчистувале акни појавени од стрес. Замисли, си седиш, си куцкаш на работа и капе инфузија, ама за арно.

13 декември 2022 - 12:32