Кога голема британска нафтна компанија беше национализирана во Иран, Лондон веднаш почна да работи на рушење на демократски избраната влада. Малку ги почекаа Американците за потоа заедно да ја убијат демократијата во Иран. Од тогаш минаа 70 години и Англичаните уште се прават енглези.
По неколкумесечна пауза откако беше испуштен од Фокс, најгледаниот американски плејмејкер на вести се враќа, и тоа на Твитер. Првата негова епизода, во првите седум часа имаше публика од 40 милиони луѓе. За контекст: CNN во прајм тајм денес има нешто околу 330.000 гледачи, знаеле да паднат и на 100К.
На 28 ноември 1943, Рузвелт, Черчил и Сталин требало да се сретнат за серија разговори во советската амбасада во Техеран, Иран. Излегувањето на Рузвелт од земјата требало да се одвива во најголема тајност, без авиони и чалами. Но сè што се случило од самото поаѓање до пристигнувањето било како од Монти Пајтон.
Според американскиот филмски маг, добрата приказна не е најважниот елемент за еден филм, како што многумина мислат. Тоа според него е дури третата по важност работа во филмот. „Можеш да направиш голем филм за ништо,“ тврди Велс и дава светол пример.
Смртта на кралицата Елизабета Втора, кога Би-Би-Си се откажа од стандардната програма за сметка на бескрајно, ким-ил-сунговско покривање на настанот, потсети дека овој сервис честопати повеќе е глас на државата отколку глас на народот. А врските се и малку подлабоки од тоа.
Британскиот политичар Најџел Фараж сподели видео од Лондон сношти. Сцени на какви ние овде сме навикнале да гледаме чат-пат. Пошто Англичаните не се навикнати, Фараж прокоментира: „Господ нека ни е на помош“.
Што подолго трае оваа прокси војна во Украина, толку поблиску САД доаѓа до директна конфронтација со Русија, а штом дојде до тоа, лесно е да се посегне по нуклеарките. Ако не верувате, посетете ги Хирошима и Нагасаки, градови кои немаа никаква воена важност а Јапонија веќе беше поразена. Беа уништени само за да се покаже сила.
Мечка страв- мене не страв, двајца ентузијасти решаваат еден ден да испијат колку што пиел Черчил. А тој пиел цел ден, секој ден. Едниот од авантуристите завршува со врзан јазик и заблуда дека е смешен, а другиот признава дека утредента се истурил од повраќање.
Фрлање бомби од по два тона, раселување стотици илјади сиромашни селани, концентрациони кампови, брутална пропаганда... Сето ова Велика Британија го викаше „вонредна состојба“ а не војна зашто именувањето на работите е многу важно за исплаќање отштета. Борбата против комунизмот всушност беше борба за профитот од природните богатства на Малезија.
Со оглед на тоа што владееше цели седум децении, Кралицата беше и културолошка икона. Интересно е дека на филмското платно беше портретирана и во биографски филмови, но во многу поголем обем во комедии и пародии.
Нова книга на речиси 800 страници го истражува нашиот однос кон скапоцените комплексни јаглероводороди во кои спаѓа нафтата, а кои се истовремено благослов и проклетство за луѓето на чие земјиште е пронајдена.
На НАТО самитот во Мадрид, Финска беше поканета да се приклучи на Алијансата. Што значи тоа за Финска? Дека ако рускиот претседател одлучи да ја пробие 1.300 километри долгата граница со Финска, САД ќе мора да се покрене и да се стави во одбрана на Хелсинки и да војува со Русија на страната на Финска.
Нов филм фрла светлина на помалку позната епизода од Втората светска војна, резултат на сложена измама планирана од Британците, која во секој момент можела да тргне наопаку. Целта била да се отргне вниманието на Германците од планирана инвазија на Сицилија, а наместо тоа, преку шпионски канали, да се пласира доволно убедлив „таен“ план за навлегување во Европа преку Грција. Иако на почеток звучел бизарно, планот успеал да спаси десетици илјади животи и да го промени текот на војната.
Правилото на Ханлон гласи: „Никогаш не припишувај злоба на она што адекватно се објаснува со глупост“. Познато како вид филозофски „брич“, тоа е начин да се објасни човечкото однесување, но и за да се утешиме, дека не е сè насочено против нас, туку е просто - глупаво.
Го сакам Хитлер? Ебете се. Ги сакам моите деца и мојата мачка, но не сакам кога кога медиумите простачки ме заебаваат и ми продаваат куросвирец за херој. Не го сакав ни Клинтон кој ја преплави Европа со осиромашен ураниум. Но Клинтон беше и останува борец за демократија. За неговата големина ќе сведочат милиони идни мртви европски деца.
За нашите злосторства, ако се објават јавно, се наоѓа жртвено јагне додека главните архитекти на колежот обично завршуваат како „угледни државници.“ Историски гледано, оние кои се гонети за воени злосторства (Нирнберг, Либерија, Чад, Србија, Босна), се гонат затоа што ја загубиле војната и затоа што биле противници на Америка.
Познатата игра-мистерија за три до шест играчи била креирана во 1943 од музичарот Ентони Е. Прат, како начин да се преживеат непроспиените ноќи во текот на Втората светска војна. До денес таа е една од најпопуларите од овој жанр. Сега според неа e направена театарска претстава.
Ако денешните тенденции продолжат во иста насока, речиси е неизбежно Кина да ја замени Америка како број еден сила на светот. Ќе биде тоа ред солзи - ред мрсули, а малку и ќе боли газето, јер најмоќните често се залажуваат дека тоа им е од Бога дадено. Што можат Американците да научат од британското оплакување на нивната изгубена империја?
Режисерот oд црниот бран на југословенскиот филм, Желимир Жилник, чиј филм Рани трудови цели 13 години беше во бункер, сведочи за неговото запознавање со Коча Поповиќ, дипломец на Сорбона, шпански доброволец, командант на армија и еден од оние кои најмногу го познавале Тито.