Три митови ја поткрепуваат колективната фрустрација на западните центристички политички лидери, кои долго време својата хегемонија ја земаа здраво за готово. Најголемиот удар врз самодовербата на западните елити дојде после воведувањето на санкциите, додека го убедуваа населението дека производството ќе се врати дома. Дури тогаш сфатија дека 30 години неинвестирање и во производството и во инфраструктурата го направија Западот немоќен.
Ви го понудивме целиот разговор меѓу канадско-унгарскиот психолог Габор Мате и непослушниот Грк Јанис Варуфакис, но, да ви обрнеме внимание на еден детал од разговорот. Да, тоа што е во насловот. Да не испадне дека само ние нешто вергламе на таа тема и дека нема кој Грците да ги потсети наа повоените страдања на грчкиот режим.
Замислете голема меѓународна мировна конференција за Украина, вика поранешниот грчки министер за финансии. На големата маса ќер седи Американецот, Кинезот, Русинот, Украинецот... Кој на таа маса ќе ја застапува Европа? Урсула фон дер Лајен? Онаа која е таму кајшто е само затоа што Ангела Меркел не ја сакаше во својот кабинет па за да ја батали ја прати во Брисел?
Вежбата на Варуфакис гласи: Ајде да извадиме некое хипотетичко розево сценарио во кое утре во О.Н. почнуваат мировни преговори за Украина. Сите знаеме која светска сила кого ќе прати, а кој ќе прати Европа? Тек за Фон дер Лејен што има да каже.
Таа била загрижена за Кина зашто истурале пари во Африка за таму да им градат пристаништа. - Пристаништа? Што има лошо во тоа? прашува Варуфакис. - Да, добро, слично и ние правиме, почнува да ретерира соговорничката. - Не, не, тие тоа го прават многу почовечно од Америка.
Европскиот југ важи за непоправливо корумпирана средина. Меѓутоа, онаа корупција која постои на северот е атомска физика во однос на базичната корупција од југот. Јужната корупција е рудиментарна, импулсивна, со ситни играчи. На северот сето тоа е систематски дизајнирано и високо софистицирано.
Да не паничиме, ама Варуфакис е загрижен и за тоа што Германија своеволно почна да субвенционира по дома и поради контроверзните планови на Шолц на Кинези да им отстапи дел од пристаништето во Хамбург.
Ќе се најде земја која има ресурси кои им требаат на американските корпорации. Ќе се натераат да се задолжат кај ММФ и Светската банка за проекти за кои ќе бидат убедени дека многу ќе им помогнат. За реализација на проектите ќе се ангажираат се-знае-кои компании (Бехтел, добри?). Ако во тоа не успеат економските убијци, доаѓаат шакалите кои рушат влади и убиваат лидери. Мислите туку така паѓаат авиони?
Прашањето на Јанис Варуфакис е: зошто струјата добиена од обновливи извори, кои нели се воведуваат и субвенционираат од државни пари заради неспоредливо пониските трошоци за производство, и понатаму се плаќа по истите цени по кои се плаќа и ултра скапата струја добиена од природен гас?
Германските граѓани почнуваат да ја откриваат големата лага што нивните лидери им ја кажуваат веќе три децении. Фискалните суфицити не беа резултат на добро осмислена економска политика, туку на неинвестирањето онаму кај што треба. Да, Фолксваген наскоро ќе продава повеќе електрични коли, само што, парите ќе одат во Кина.
Капитализмот и порано претрпувал суштински трансформации, но ова е нешто подлабоко и загрижувачко. Сите ние доброволно и бесплатно работиме за приватните пашалуци наречени Фејсбук, Амазон и Гугл.
Одвреме- навреме се актуелизира темата за универзлниот основен доход ((Universal basic income – UBI), бесповратна и безусловна парична помош која државата би им ја давала на луѓето секој месец, за да ги покријат основните животни трошоци. Како што опиша новинар на Гардијан, тоа се пари кои ги добиваме не затоа што работиме туку затоа што постоиме.
Ужасен избор, вели поранешниот грчки министер за финансии. Да бил во регуларна сојузна држава, не би гласал ни за еден од нив, да бил во некоја од решавачките свинг држави, вели дека би затворил нос и би гласал за Бајден.
Првиот човек на водечката научна институција на ЕУ, професор Мауро Ферари, поднесе оставка на својата позиција во знак на протест за начинот на кој ЕУ реагираше околу ковид-19 кризата.
„Ние сме поголеми Германци од Германците,“ порача хрватскиот филозоф Среќко Хорват кој заедно со некогашниот грчки министер на финансии, Јанис Варуфакис, решија да побараат пратенички места во европскиот парламент преку Германците. Во кампања одат не со митинзи, не со средби со граѓани, туку со постери на Памела Андерсон. Старите другари од Левицата се ужаснати, се ситнел отпорот.
Еврото моментално служи за цедење пари од периферијата на ЕУ и нивно префрлање во германски банки, а ако некогаш го видиме крајот на еврото тоа ќе биде само затоа што Германија така посакала, објаснува Јанис Варуфакис.
Во разговор на грчката Скај ТВ Варуфакис изјави дека Џорџ Сорос лично му се јавил на Ципрас во јули 2015 и побарал смена на тогашниот министер за финансии. Инаку, мандатот на Варуфакис заврши на 6-ти јули 2015.
На 30-ти ноември во Вермонт ќе биде промовирана „Прогресивната интернационала“ на Варуфакис и Берни Сандерс, движење замислено како контра-тежа на „подемот на култот на ултра-националистички апсолутистички групи“.
Користејќи ги услугите на големите технолошки компании ние во реално време произведуваме дел од нивниот капитал. Правата на сопственост врз тоа - за сите нас, наместо само за дел од нас - треба да бидат основа за универзален основен приход.
Вистинското прашање е: што да се прави? Тактички сојуз со глобалистичкиот естаблишмент не доаѓа предвид. Тие сакаат да веруваме во бескраен лифт кој ќе не однесе до врвовите на потрошувачките задоволства, но таков лифт не постои.