„Тука во Давос, слушнав бројни верзии на чувството дека „ние Европејците/Канаѓаните му се спротивставивме на Трамп и го принудивме да се повлече. Ова е голема победа за меѓународниот поредок заснован на правила.“ Многу погрешно. Реалноста е дека Трамп победи во Давос, један кроз један. Не само што победи, туку го освои. Никогаш порано не сум видел ниту една индивидуа толку целосно да доминира во овој огромен пазар на моќни, богати, познати и самобендисани“, пишува Фергусон.
Денешната ситуација Европа-САД го потсетува на она што уште Тукидид го регистрира, пркосот на Мелијанците и нивното одбивање да им се покорат на помоќните Атињани.
* Историски спојлер: Им следува страшен пораз: сите мажи убиени, жените и децата продадени во ропство.
Види и Дарио Шпелиќ во „Недељом у два“
Најновото издание на Извештајот за глобални ризици на Светскиот економски форум, базиран на анкети на бизнисмени и академици, ги рангира „гео-економската конфронтација“ и „вооружениот државен конфликт“ како ризици број 1 и број 2 „кои најверојатно ќе претставуваат материјална криза на глобално ниво во 2026 година“. Гео-економската конфронтација е на врвот на листата втора година. За ризиците, 68 проценти од испитаниците избрале „мултиполарен или фрагментиран поредок во кој средните и големите сили се натпреваруваат, поставуваат и спроведуваат регионални правила и норми“.
„Сето ова се само серија еуфемизми за тој еден голем ризик од кој Давос се плаши повеќе од сите други: Доналд Трамп', пишува Фергусон.
Трамп 2.0 се покажа како најлошиот кошмар на секој добар Европеец. Во пресрет на Давос 2026, тој направи сѐ што можеше за да ја снеможи европската (и канадската) елита. Инсистираше дека е решен да го добие „големото убаво парче мраз“. „Гренланд мора да се купи“, напиша тој во пресрет на неговото пристигнување во Швајцарија. Не ја исклучи можноста за воена акција, се закани со нови царини од 10 проценти за сите земји што ќе се спротивстават, објави мемиња од мапи на Данска (и Канада) обвиткани со американско знаме, ВИ фотка од себе како поставува американско знаме на „Гренланд - територија на САД 2026“.

* Објави и слика од себе и пингвин како одат по Гренланд, пошто балванот абер нема дека пингвини има само на Јужниот, а не и на Северниот пол.
За да се разгорат страстите пред пристигнувањето на Трамп, се вклучија и членовите на неговиот кабинет. Антиевропските зафрканции на министерот за трговија Хауард Лутник толку ја разбеснија претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, што таа бесно напушти вечера во Давос. Министерот за финансии Скот Бесент иронично запраша дали европските лидери би можеле да го активираат нивното „најсилно оружје“ - формирање „европска работна група“.
Значи, дали Мелијанците во Давос извојуваа неочекувана победа над Атињаните? Не.
Проблемот со сето ова, вели Фергусон, е претпоставката дека Трамп некогаш сериозно имал намера да го анектира Гренланд или да наметне нови тарифи на Европејците.
Зошто би го направил тоа кога:
а) САД веќе уживаат (според договорот од 1951 година со Данска и договорот од 2004 година со Гренланд) во целиот воен пристап до ледениот остров што им е потребен, додека Данците плаќаат за силно субвенционираните жители на островот; и
б) Како што покажа Вол Стрит Журнал анализа на 2.700 суштински објави на Трамп на Truth Social, тој го мисли она што го кажува само околу половина од времето.
„Ќе кажам повторно: Половина од времето тој блефира. Истото беше кога и кога твиташе во првиот мандат“. Пред десет години, Европејците направија грешка што не го сфаќаа Трамп ниту сериозно ниту буквално. Сега ја прават спротивната грешка што го третираат и сериозно и буквално“.
