Нашиот репрезентативец Стефан Ристовски во Атина со победа дебитираше во најважното клупско натпреварување. Рома и Атлетико одиграа без голови, ПСЖ страшен.
Гонзало Игуаин викендов ги запечати конечните 3:0 против Каљари, а акцијата одеше течно и воиграно во нивни шампионски стил. Имате можност да ја видите и од поинаков агол во 2Д верзија, нешто како видео игрица од 90-те.
За да се пронајдат пет победи на петте големи екипи од италијанското првенство во прво коло, треба да се копа во историјата се до сезоната 1985/1986. Но ако тоа е знак дека може да се повтори и конечниот изглед на табелата, тогаш пак ќе се радуваат само Јувентините.
Американската компанија RSE Ventures веќе петта година со голем успех им носи забава на навивачите преку океанот, а на клубовите енормна заработка. Им се врти низ глава да организираат Шампионски Куп само со најбогатите и најголемите.
Руни се врати во Евертон од каде во 2004-та премина во Манчестер. Низ годините: рекорди, најубав гол во историјата на Премиер, тренер кој го стави во средниот ред, Лига на шампиони, замерки со Боби Чарлтон...
На почетокот на изминатата сезона на многумина би им се простило што не го знаат младиот Чех, но 21-годишниот шпиц кој овие месеци стана најбаран фудбалер во Италија, утрово стигна со авион од Европското за млади и потпиша со Јувентус.
Маратонот на „Црвените ѓаволи“ од дури 64 средби сезонава не заврши на 24. мај со победата во финалето на Лига Европа. Ги чека долго лето кое ќе го финишираат во Македонија.
За време на финалето од ЛШ во Кардиф на плоштадот во Торино се случи голема бркотница откако навивачи на Јувентус бегаа во паника мислејќи дека експлодирала бомба. За среќа нема жртви.
Со победа од 6:4 над ЈСП, златниот медал во овогодишната сезона во Бизнис лигата отиде кај екипата на Лукоил. Во борбата за трето место Рамстор го совлада ЕЛЕМ.
Во 2009-та Јунајтед играше финале во ЛШ, но наиде на Барселона и на Олимпико во Рим загуби 2:0. Две години подоцна ги снајде иста судбина, овој пат на Вембли каде загубија 3:1. Пред првиот трофеј во ЛЕ, последното нивно славје во Европа им се случи пред 9 години.
Дефинитивно, или го обожувате или не го поднесувате. Без оглед на сè, Мурињо синоќа дури 12-ти пат во кариерата победи во едно финале и стана првиот во историјата што два пати освоил и Лига на шампиони и Лига Европа.
Агентот на Дани Алвеш неодамна изјави дека 34 годишниот Бразилец сега игра подобро отколку кога замина во Барселона во 2008-ма. Можеби некој нема да се сложи ама тоа е вистина и плус има ист број трофеи со Златан. Само двајца играчи на планетава имаат повеќе.
21 година го чекаат навивачите на Старата Дама највредниот трофеј во европскиот фудбал. Оттогаш наваму одиграа неколку финалиња, но никогаш не се качија на кровот на Европа, како што се качија нивните претходните пред повеќе од две децении. Кои беа тие?
Ако треба да се избере еден драматичен крај од долгата традиција на италијанскиот фудбал, тоа сигурно е битката за Скудетото кое се водеше на 14 мај 2000-та. Навивачите на Јувентус и Лацио останаа без нерви. Маратонскиот меч во Перуџа го раскажува нивниот стратег Карло Мацоне.
L'Equipe пишува дека најдобриот голман на светот ако ја освои Лигата на шампионите ќе се качи на фудбалскиот Олимп како број еден на сите времиња. Буфон е над сите клупски ривалства и препукувања. Нема човек кој не го почитува ликот и делото на кецот на Јуве.
Врти-сучи пак доаѓаме до непобитниот факт дека најголемиот тренер во историјата на Премиер лигата Сер Алекс Фергусон имал најуспешни серии без пораз. И Мурињо има долга, но со повеќе од пола нерешени.
Фудбалската дрскост уште на 10 години го направила подобар играч од постарите деца. Од своето село се сели во големиот град Баија каде три месеци не се појавил во школо поради што мајка му му ги тегнела ушите.
Килијан Мбапе, наследникот на легендарниот Тиери Анри има толку сличности со неговиот идол поради што навивачите на Монако веруваат дека вечерва ќе се повтори она што го направи легендарниот „Тити“ пред 19 години против Јувентус.
Еден од најтрофејните светски тренери, Карло Анчелоти направи редок подвиг откако стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој освојувал титули во четири од петте најдобри европски лиги.
Ако после дебаклот од 3:0 во Торино следниот ден Меси од револт тренирал настрана од екипата, тогаш по испаѓањето веројатно и едвај чека да заврши сезонава.
Кога татко му го оставил во малата кладилница која што ја држел, малиот Пауло ставил 2 пезоси дека Карлос Тевез ќе даде гол во Копа Либертадорес. Со парите од добивката купил дрес од Бока, а подоцна се запознал со својот идол.
Актуелниот италијански шампион ѝ се остреше на моќната Барселона за поразот во финалето пред две години и направи специјално мотивирачко видео пред мечот. Сето тоа вроди со плод. Јувентус беше надмоќен и заслужено ги доби првите 90 минути со убедливи 3:0. Фантастичен повод и за македонските Јувентуни да уживаат во триумфот.