Контроверзниот план на данската влада да се укине државното празнување на еден верски празник кој се одбележува со векови, беше повод за едни од ретките масовни демонстрации (50.000 народ) во земјата во која обично владее консензус по битните прашања. Сепак го донесоа. Во името на Украина, Русија и светиот НАТО.
Фабрики за оружје од Бугарија кои заради ним познати причини и 30 години по распадот на СССР се уште имаат советска машинерија повторно ги враќаат во погон своите стари фабрички ленти од кои излегува нова советска муниција за старото советското оружје што го поседува Украина.
Пекинг и Москва моментално преговараат околу купување на 100 ударни дронови кои би можеле да и бидат испорачани на Русија веќе во април, пишува германски Шпигел.
Германската влада подготвува механизми кои ќе тргнат против секој кој ќе се осмели да се посомнева во мудроста на безусловната помош за ултранационалистичкиот режим во Украина и администрацијата на Бајден, вели професор Волфганг Штрек, германски социолог и почесен директор на институтот Макс Планк во Келн.
Во месеците по инвазијата, во редиците за регрутација во Украина „вриеше“ народ спремен да си ја брани државата. Економист пишува дека војската сега мора да регрутира од далеку понеентузијастични Украинци. Позиви за во војска се делат по погреби и шопинг молови, па по социјални мрежи се споделуваат предупредувања за тоа.
Една година од почетокот на војната човечките загуби што ги претрпува Украина се видливи и присутни во секој украински град или село, меѓутоа и покрај тоа Киев одбива да ја открие вистинската цена во човечки животи за спротивставување на Путин.
Америка не може да ја добие прокси-војната во Украина, смета австралискиот професор Џозеф Сикракуза кој повлекува паралели со неуспехот на крвавата американска авантура во Виетнам. Прашање е само како повлекувањето ќе му биде продадено на американскиот народ, а има безброј проверени начини и објаснувања.
Војната во Украина наполни една година. Некои кругови во Москва се надеваа дека лесно ќе се прошета до Киев а кругови во Вашингтон и Брисел беа убедени дека ригорозните санкции ќе ја клекнат Москва на колена. Ни Русите извојуваа воена победа, ни Запад ги постигна своите цели на економскиот фронт.
Кина ја обезбедува технологијата што на руската армија и е неопходна да ја води војната во Украина и покрај меѓународниот кордон на санкции и контрола на извоз, тврди Вол стрит журнал откако прегледува документи од руската царина.
Американската јавност троа се шокираше од јавното признание на екс претседателот Доналд Трамп дека Стејт Департментот стоел зад украинската револуција од Мајдан. Ајде? Ах бе, Трамп, кој видел една, ги видел сите Шарени револуции. Заев веројатно би реагирал како Мујо кога го прашале дали ги видел пирамидите: Шта видо, јебо!
До сега помалку од половина од финансиската помош што Западот и ја вети на Украина од почетокот на војната има стигнато во Киев, пресметуваат западни аналитичари.
Фразата што ја користи американскиот генерал Глен Ванхерк, командантот на НОРАД, за тоа како на цела таа грдна одбрана и технологија им се протна кинескиот балон е „процеп во подрачната свесност“, што според колумнистот на Блумберг, Ниал Фергусон, е совршен пример на пентагонски јазик.
Основачот на Вагнер групата обвини неименувани руски воени функционери дека одбиваат да им испорачаат на борците на Вагнер доволно муниција како последица на ривалството меѓу него и дел од руската елита.
Брзањето и итноста на испораката на западните тенкови во Украина е затоа што Русија ќе тера со својата пролетна офанзива без разлика дали тие стигнале или не. Сега излезе дека и тоа што ќе стигне ќе биде малку.
Некаде пред Божиќ конвој возила на германските безбедносни служби се паркира пред една куќа во германското гратче Вилхејм, каде е дојдена да уапси еден од локалните фудбалски тренери за деца. Тоа што локалците не го знаат е дека 52-годишниот тренер е директор на техничко разузнавање на БНД, германската служба за шпионирање во странство.
Шефот на индиската дипломатија одржа неколку убојити морално-политички лекции за Европа, САД и Запад кои веруваат дека нивните проблеми се и светски проблеми, ама светските проблеми не се и нивни. „Зошто некој во Европа би ви верувал?“, прашува новинар. „А зошто вие мислите дека некој во Азија би ви верувал?“, одговара Субраманјам Јаишанкар.
Западот почнува да се освестува околу реалноста дека ќе треба да ја одржуваат украинската армија низ долг и крвав конфликт, пишува Хенри Фој во текстот за Фајненшл тајмс.
Западот е опседнат со идејата дека „војната на Путин“ не е војна на Русија, и дека Руси ја поддржуваат само затоа што се претворени во зомбија од страна на режимот. Toa е само уште еден облик на пропаганда, кој одбива да прифати дека интелигентни луѓе можат да дојдат до поинакви перспективи, пишува западната аналитичарка Џејд МекГлин.
Неполна недела откако се појавија извештаите на разузнавачките служби дека „Путин игра на време“ Вашингтон пост објавува дека американски функционери почнале да ги притискаат украинските лидери дека е крајно време да се направи значителен напредок на военото поле.
Украина моментално има две големи потреби, едната е муниција за оружјето што го доби, другата е сосема ново оружје и сосема нови типови оружје. Оваа првата е многу поалармантна.
Администрацијата на Бајден се подготвува од Конгресот да го побара најголемиот буџет што Пентагон некогаш го имал, тврди финансовиот на американското министерство за одбрана.
Најавата на Нетфликс дека од март ќе почне со оневозможување делење пасворди со роднини и пријатели ќе има далеку поголеми последици за светот од само односот на една компанија со своите корисници и би можело да го редефинифира начинот на кој го користиме интернетот. Се разбира, ако им успее.
Украински функционери за Вашингтон пост тврдат дека тие речиси никогаш не лансираат ХИМАРС ракети без да имаат детални координати испратени од американски воен персонал стациониран во Европа.