Маринка е едно гратче во близина на Доњецк со некои си 9.000 жители кое веќе е сосема неважно под чија контрола е бидејќи изгледа како сметкопотврда за сите оние новински извештаи дека на украинскиот фронт дневно се трошат по десетици илјади топовски гранати.
Репортажа на Вајс за тоа како украинските нацисти ловеа „сепаратисти“во источна Украина. Се работи за личната пара-полициска единица на Олег Лијашко која успева да го најде и лиши од слобода про-рускиот Виктор Рибалко, кој организираше референдум за независност на Луганск. Па потоа Лијашко му се тура на шефот на регуларната полиција: Сакаш сега да те стрелам или подоцна?
„Ова“ е воена машина за поддршка на тенкови под име Терминатор, меѓудругото опремена со 2 30-милиметарски топови. Тоа другото е некогаш здрава и исправна ѕидана куќа.
Даблинерката Клер Дали е еден од ретките гласови во Европскиот парламент што упорно и доследно им прави незгодно на воинствените колеги кои галантно би гинеле до последниот Украинец. Потсетува дека лани на маса беше предлог по кој Русија ќе се повлечеше. Ама не, дотрча Борис Џонсон за да им порача да се тепаат.
„Ги прашувам претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност, кои се вашите цели? Колку злато има на крајот на виножитото? Поголеми профити за воената индустрија? Поголем моќ и поголем дел од глобалниот колач? Дали мајката Земја е колач кој треба да го ждереме? Зарем поголем дел од колачот не значи помалку за сите други?“
Австриски полковник ја објаснува шемата како НАТО ќе праќа војници во Украина- без да праќа војници во Украина. „Ќе ја соблечам униформата, ќе потпишам договор и ќе одам во Украина. Така веќе не сум офицер на НАТО туку војник под договор“. На штикли ќе одат ако треба, само за да не признаат дека се во војна со Русија.
Претседателката на Европската комисија се потегна до Украина за на голема врата да ја одбележи најновата сојузничка пратка помош за земјата која е во војна. Европа на Украинците им носи ЛЕД сијалици. За да ги заменеле старите сијалици, за да заштеделе енергија. Уште па на Твитер мегаломански напиша: „Заедно носиме светлина во Украина!“
Да не знаеш што е пострашно колку се моќни експлозиите што новинарката на секое се вади од памет или што овие што се поодамна во Бахмут се станати ѓон на сè што се случува околу нив.
По избивањето на воениот конфликт меѓу Украина и Русија, сите руски и белоруски спортисти се соочија со драконски суспензии. Репрезентациите во многу спортови беа исфрлени од европски и светски првенства, а оние спортисти (тенисери и тенисерки) кои добија „милост“ да се натпреваруваат, го прават тоа под неколку услови.
Триесет и четири годишниот Александар Долгополов, во моментов неактивен тенисер, на Твитер напиша дека таткото на Ѓоковиќ, Срѓан треба да биде исфрлен од Гренд слемот во Мелбурн поради тоа што се најде меѓу група српски навивачи кои вееја руски знамиња и скандираа за Русија.
Тенисот е еден од ретките, ако не и единствен спорт во кој спортистите од Русија и Белорусија можат да се натпреваруваат на меѓународно ниво. Исклучок се само некои екипни турнири или лични турнири во Велика Британија.
Дечкото бил на 116 фудбалски натпревари на Германија, но повеќе не ја бодри. Шетан е во 67 земји и се заљубува во Македонија и нашите навивачи, ги учи песните и редовно оди на гостувања. Почна со фудбалски, а од лани го има и на ракометни. Каков лик.
Куршевел е името на францускиот алпски ски-ресорт што дури и вашите најбогати пријатели се воздржуваат да го изговорaт да не случајно некој спомне да се оди таму на зимување. Тоа не значи дека кафаните во Куршевел се празни и дека нема кој да оди.
На 31-ви декември, Депортиво Ла Коруња, некогашниот шампион на Шпанија кој палеше и гасеше по Европа, објави за трансфер на Лукас Перез. Центарфорот потпишал шест месечен договор до крајот од сезоната.
„Навистина се надевам дека вие од Украина и рускиот претседател Владимир Путин ќе најдете начин да ги решите меѓусебните проблеми“, му кажа своевремено Доналд Трамп на украинскиот претседател Владимир Зеленски. Кога дојде време Трамп да звучи како глас на разумот, јасно е какво време е дојдено.
Се работи за едно целосно небитно гратче чие постоење со векови по ништо не е спектакуларно се до март 2022, кога работите тргнуваат на полошо, откако тоа се наоѓа на линијата на фронтот во војната меѓу Украина и Русија. Снимката е од Т-80БВ тенк на руските сили, а пустелијата што ја гледате е Марјинка.
Кога ќе заврши разорувањето на Украина од руски тенкови, како и да заврши, тоа ќе продолжи од европските банки, и нивното разорување е уште помалку веројатно дека ќе биде запрено.
Без разлика дали си во Киев и Одеса или во некое зафрлено украинско селце позади седум планини и езера, деновиве генератори за струја се едни од главните јунаци на украинскиот пркос како кон Русија, така и кон студот.
Во 50’ минута од големото дерби Португалија - Уругвај (2:0) лик втрчува на терен и го прекинува мечот. На себе носи парола Спасете ја Украина, мавта со ЛГБТ знаме и на задниот дел од маицата му пишува Респект за иранската жена. Право чудо е како немаше уште некое светско нерешливо прашање на себе.
Градот кој до 2016 го носеше името Артемовск, е еден од градовите на Украина кои војнава неколку пати ги сменија газдите. Моментално се под украинска власт, што подразбира дека и украинска војска е заглавена во рововите околу градот. Не на нивно големо задоволство. Снимките од рововите што доаѓаат од таму се како од сценографија за филм од Прва светска војна.
Македонската фудбалска репрезентација не е во добар момент, а на денот на отворањето на Мундијалот на кое за прв пат му се доближивме на 90 минути, бележи неочекуван пораз и тоа дома од Азербејџан. Селекторот конечно е самокритичен.