Натрапникот што упадна на терен со сите светски прашања
Во 50’ минута од големото дерби Португалија - Уругвај (2:0) лик втрчува на терен и го прекинува мечот. На себе носи парола Спасете ја Украина, мавта со ЛГБТ знаме и на задниот дел од маицата му пишува Респект за иранската жена. Право чудо е како немаше уште некое светско нерешливо прашање на себе.