По реакција на украински конзул, забранети руски и белоруски знамиња на трибините на Австралија Опен

Тенисот е еден од ретките, ако не и единствен спорт во кој спортистите од Русија и Белорусија можат да се натпреваруваат на меѓународно ниво. Исклучок се само некои екипни турнири или лични турнири во Велика Британија.

Меѓународната тениска федерација пред неколку месеци реши да отстапи од наративот кој го држеа федерациите од другите спортови и да им дозволи на руските и белоруските тенисери и тенисерки слободно да настапуваат на турнирите ширум светот. Поради тоа што Вимблдон во еден момент одлучи да не дозволи настап на тенисери и тенисерки од овие две земји, Меѓународната тениска федерација парично го казни најстариот турнир на светот.

А сега единствен услов за настап на Русите и Белорусите е да играат под неутрално знаме, како што беше едно време на Олимписките Игри.

Но токму руското знаме беше причина за мала врева на првиот ден од Австралија Опен.

Во првото коло Русинката Камила Рахимова играла со Украинката Катерина Бајндл. На трибините за време на мечот се појавила група од четири млади дечки кои го рашириле рускиот „триколор“. Покрај тоа еден од нив носел капче со грбот на Русија и маица со натпис Русија и боите на знамето.

Австралиски медиуми соопштија дека присутни украински навивачи ги повикале редарите и полицијата да реагираат. 

Истава група момци вечерта се појавиле на централниот терен на Род Лејвер Арената каде играше Данил Медведев.

После ова конзулот на Украина во Австралија побарал од организаторите да се држат до правилото за „неутрално знаме“.

Како резултат на тоа, Австралиската тениска федерација им забранила на гледачите да внесуваат знамиња на Русија и Белорусија на територија на турнирот.

„Знамињата на Русија и Белорусија сега се забранети. Прво ние им дозволивме на навивачите да ги носат, но да не ги користат (?!) за да не создаваат неприлики. Синоќа имаше инцидент кога знамето било развеано на трибините. Забраната неодложно стапува на сила. Продолжуваме да работиме со играчите и навивачите со цел да обезбедиме максимална комфорна средина за уживање во тенисот“, стои во соопштението.

Амбасадата на Русија во Австралија се огласила:

„Одлуката за забрана за веење на знамињата на Русија и Белорусија на територија на АО е уште еден пример за недопустлива политизација на спортот.

Австралиската тениска федерација уште повеќе ја отежна постоечката дискриминација на руските тенисери и тенисерки на сметка на политиката за „неутрално знаме“, со забраната на навивачите за визуелна поддршка. Иронично Австралиската тениска федерација ветува дека „ќе продолжи со работа за да обезбеди максимално комфорна средина за уживање во тенисот“.

Навредливо е што организаторите се подложни на отворено и доволно високи политички манипулации за што го жртвуваат спортскиот дух на чесна игра“.

Што се однесува до мечот, победила Украинката Бајндл со 2:1 по сетови 5:7, 7:6, 1:6.

Енди Мареј - дефиниција за фајтер кој не се предава

17 јануари 2023 - 09:40