Енди Мареј - дефиниција за фајтер кој не се предава

Отвореното првенство на Австралија на два пати се прекина поради временските услови но во прв план оди големото изненадување на некогашниот олимписки шампион и светски број 1 - Енди Мареј.

Шкотланѓанецот веќе неколку години се бори со тешки повреди, имаше и вграден вештачки колк, помина неколку операции, но никогаш не се предаде.

35-годишниот Мареј во првото коло играше страшен меч против одличниот Италијанец Матео Беретини. После цели пет часа игра на „Род Лејвер Арена“ Мари спаси една меч топка и на крај победи со 3:2 во сетови 6:3, 6:3, 4:6, 6:7, 7:6.

Мареј имаше 10 аса наспроти 31 на Беретини, а до победа го водеа 3 брејка од 5 можности како и 166 освоени директни поени. Шкотланѓанецот се потпре на своето најсилно оружје, вториот сервис кој денес му беше далеку подобар од оној на Италијанецот: 70% наспроти 43%.

После шест години ова е најголема победа на Шкотланѓанецот на Гренд слем турнирите. Претходно Енди, некогашниот член на големата четворка не се израдува на победа над ривал од Топ20.

Следен ривал на Мареј ќе му биде победникот од мечот Фоњини - Кокинакис.

По реакција на украински конзул, забранети руски и белоруски знамиња на трибините на Австралија Опен

17 јануари 2023 - 10:35