- Во четврток на 23-ти март Италија ги отвора квалификациите за Евро 2024 а во група со аѕурите е уште и Македонија, Англија, Малта и Украина.
- Македонија стартува со Малта на 23-ти март во 20:45 во Скопје, а Италија во Неапол ќе ја пречека Англија во 1. коло од квалификациите.
- За овој натпревар на списокот репрезентативци на аѕурите, селекторот Манчини би требало да го стави и младиот 23-годишен шпиц Матео Ретегуи кој игра во аргентински Тигре како позајмен играч од Бока Хуниорс.
- Ретегуи сезонава дал 6 гола на 6 меча во силната аргентинска Суперлига. „Имаме многу проблеми во нападот. Во одбрана и во среден ред имаме избор, но во нападот не. Имобиле, Распадори и Скамака се повредени, Белоти игра малку, само Њонто игра малку повеќе во Лидс Јунајтед и тој може во шпицот, се друго лошо стоиме“, рекол Манчини пред мечот со Англија кој може многу да одлучи во нашата група.
- Даниел Малдини кој ја продолжи фудбалската семејна традиција и после дедо му Чезаре кој беше легендарен фудбалер, тренер и селектор на Италија, и татко му Паоло кој повеќе од 2 децении беше славен капитен на Милан, сега се соочува со проблеми.
- Фудбалерот од среден ред кој играше за Милан, Монца и Лацио а сега е во Каљари, во саботата постигна убав гол против Аталанта, но вечерта меѓу сабота и недела доживеал сообраќајна незгода.
- Тој возел во алкохолизирана состојба, а веќе му е одземена и возачката дозвола. Даниел Малдини на враќање од ноќен клуб се судрил со автомобил кој му одел од лева страна, откако фудбалерот не го пропуштил возилото кое во моментот имало првенство на минување. Во незгодата учествувале шест лица.
- Се шпекулираше дека новиот италијански селектор, Роберто Манчини ќе го повика Малдини на списокот репрезентативци за Лига на Нации но сега шансите за такво нешто се многу мали.
- Завршувањето на УС опен донесе големи промени на АТП-листата, а најголемо внимание предизвикува падот на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер од денеска повеќе не е меѓу десетте најдобри тенисери во светот.
- Јаник Синер останува прв со 11.500 бодови, но неговата предност пред Александар Ѕверев е значително намалена. Германецот по освојувањето на Отвореното првенство на САД стигна до 8.990 бодови и дополнително се доближи до лидерската позиција.
- Карлос Алкараз ја задржа третата позиција со 5.560 бодови.