Дали тие ја слушаат Дали?

Даблинерката Клер Дали е еден од ретките гласови во Европскиот парламент што упорно и доследно им прави незгодно на воинствените колеги кои галантно би гинеле до последниот Украинец. Потсетува дека лани на маса беше предлог по кој Русија ќе се повлечеше. Ама не, дотрча Борис Џонсон за да им порача да се тепаат.

После една година, кога војната во Украина продолжува и сите треба да повикуваат на прекин на огнот и мир, оваа резолуција нè води во обратна насока и затоа јас со гордост гласав против неа.

Таа ја вози најновата лага дека сега не се работи за одбрана на Украина туку дека „Украина мора да победи.“

Што тоа воопшто значи?

Минатиот април, на маса беше предлог по кој Русија ќе се повлечеше за возврат на невлегување на Украина во НАТО, но нејзините западни пријатели, убиецот и кловн Борис Џонсон брзо дојдоа за да им кажат да продолжат да се борат.

Резултатот: шест града уништени, четири провинции илегално анектирани, 108 милијарди евра помош кои Украинците ќе треба да ги враќаат со децении, глобална енергетска и прехрамбена криза.

Тоа ли е победување?

Обичните луѓе не победуваат во војни. Тие се топовско месо во игрите на други. Овде можете да извикувате за некаква слава колку што сакате, но не постои слава во гробовите а само гробови излегуваат од оваа глупост.

Време е луѓето и тивкото мнозинство во цела Европа да излезе на улица и да инсистира на мир и крај на војната.

********

Види и:

Летаа шамари за лицемерието во Европскиот парламент

Џамбаски уцвика од Клер Дали

Клер Дали повторно делеше воспитни

Која е ЕУ да зборува кој е спонзор на тероризмот?

Украина меѓу руски тенкови и европски банки

 

 

27 февруари 2023 - 16:32