Клер Дали повторно делеше воспитни

По барање на Зеленски, Европскиот парламент расправа дали прво да воведе па потоа да осуди државно спонзориран тероризам, се разбира, на Русија. Државно спонзориран тероризам? Чекајте да ви набројам примери за тоа, им кажа на колегите ирската европарламентарка од Даблин.

„Државно спонзориран тероризам“ е термин од американското право. Не постои во правниот систем на ЕУ, но советник на Зеленски побара да се воведе и кај нас и еве нè нас ревносните, се јавувмае на должност.

Сè што ќе се постигне со тоа е што потешко ќе се дојде до мир. Токму она што екстремистите го посакуваат. Да нема мир, да нема излез, да изгорат сите мостови а Украина да остане кланица во самоубиствената света војна против Русија.

Така што, ако баш сакате се расфрламе со имиња на држави што спонзорираат тероризам, ајде:

- Европски спонзорираниот израелски тероризам во Палестина,
- Западното спонзорство на саудискиот терор во Јемен,
- ИСИС како производ на западните држави,
- Децении на десничарски тероризам против кубанската револуција спонзориран од САД,
- Контрашите во Никарагва,
- Ескадроните на смртта во Гватемала, во Ел Салвадор,
- Сетете се на Виетнам, Лаос, Камбоџа...

Сè хорор до хорор, сè терор до терор. Никој не добива ништо од тоа што зајакот ќе му каже на магарето дека има големи уши. Ќе престанете ли веќе еднаш? Почнете да заговарате мир. Ставете ѝ  крај на војната што бездруго е во интерес и на ЕУ и на Украинците и на граѓаните на Русија.

*********

Види и:

Џамбаски уцвика од Клер Дали

Летаа шамари за лицемерието во Европскиот парламент

 

21 октомври 2022 - 10:10