„Најголемиот потег откако стана селектор му е тоа што го врати Пандев. Не треба да си само добар тренер туку и педагок и психолог, за играчите да те почитуваат. Кога Милевски стана селектор, се смени шоферот на автобусот затоа што бил од времето на Мрме“.
Коментаторот вели дека ова е одбрана на сезоната, ама нејасно е за која зборува, бидејќи овде гледаме вкупно четири од кои три на голманот. Да не постоеше, требаше да го измислиме крајот на акцијава. Замисли ова да го гледаш во живо и да чекаш гол за добивка?
„Досието на Вашингтон покажува дека е подобар да води војни отколку да се занимава со она што следи потоа“, пишува Политико во еден екстензивен прилог за тоа какво е Косово денес, 25 години откако Американците издејствуваа да прогласи независност. Ако Косово е некаков водич, Украинците треба да внимаваат што посакуваат кога планираат корпоративна Америка да им ја обвновува земјата.
Шкотска - Англија, 30 ноември, 1872-ра година. Тогаш се случува револуцијата со првиот судија на фудбалски натпревар. Каков бил? Голем, дебел и непристрасен. Немал свирче, туку бело марамче.
„Кога беше во Скопје во 2000 година, Мика Хакинен рече дека Македонија еден убав ден ќе има трка. Замисли само Gazi Baba Grand Prix“, гласеше еден твит. Од посетата кај нас на двокарниот Ф1 шампион (1998 и 1999), кој му беше ривал на Шумахер, налетавме на една ваква фотографија.
Киев се бореше премногу добро за едноставно да се откаже, но Русија и Кина ќе ја постигнат својата цел да го разделат Западот, пишува професорот по напредни меѓународни студии од Џон Хопкинс Универзитетот, Хал Брендс.
Неименуван извор изјави дека во разговор со странски политичар, било спомнато дека нивната влада претпоставува дека Џо Бајден нема да биде кандидат на Демократите во 2024, пишува Тим Стенли во текстот за Телеграф. Џо ќе се повлече пред првите партиски избори, што ќе биде предоцна за во трка да влезе кандидат предложен од базата, па на конвенцијата ќе биде крунисан предлогот на естаблишментот. Кое е името на среќниот добитник? Мишел Обама.
Џон Дилинџер важи за еден од најпознатите пљачкаши во историјата а има украдено, во денешна вредност - седум милиони долари. Ако некој има извршено седум милиони грабежи и во секој од тие седум милиони грабежи има украдено по седум милиони долари, би немало човек на земјава кој не би го познавал, така?
На Пеп не му е непознато да прави тактички модификации на веќе успешни тимови, но пред историската сезона мораше да направи една голема промена. Да го вклучи во системот големото летно засилување, Ерлинг Халанд.
По пет години престој, шпанскиот уметник со топка, Андрес Иниеста ја завршува јапонската авантура во Висел Кобе. Му приредија величественото испраќање со сите нишани.
Шокантни вести за навивачите на Милан, само еден ден откако плачеа за заминувањето на Ибра. Цел италијански печат пишува дека газдата на Милан, Гери Кардинале ги отпуштил двајцата директори кои го изградија шампионскиот тим.
Единствениот странец кој водел фудбалски клуб во Северна Кореја и единствениот Србин кој го сретнал мистериозниот Ким Џонг Ун, раскажува што доживеал во оваа земја.
Гаучосите по освоената светска шампионска титула одиграа два натпревари на домашен терен, пред преполни трибини, а атмосферата беше славеничка. Прво ја победија Панама со 2-0, а сега Курасао со 7-0. Меси постигна хет-трик.
Храната е најверојатното нешто што предвремено ќе му го прекрати животниот век на просечниот Британец, и не која било туку главно ултра-преработената храна на која отпаѓа најголемиот дел од британската исхрана, некои си 57%.
Во екот на допинг аферата, Динамо направи одличен гест кога не му го сврте грбот, туку напротив се извлече од целата борба. Кога му беше најтешко Динамо не го напушти. Кога им беше најтешко на Динамо, ги водеше Адеми.
Триесет и осум годишниот Леброн Џејмс на 10,9 секунди пред крајот од мечот со Оклахома погоди шут за два и тоа значеше вкупно 38 поени на крајот од средбата или 38.388 досега во кариерата.
Федерер и Надал се принцови, недопирливи се и за оние кои ги гледаат и навиваат за нив. Новак Ѓоковиќ не е принц, бидејќи неговата потреба да биде сакан го поврзува со заедницата и тениското човештво како целина.
Резултатот на тоа далечно, заборавено српско курчење беа пет милиони бегалци и сто пеесет илјади убиени, од кои триесет и пет илјади токму Срби. Зошто тогаш „некои други народи можат да имаат една држава за еден народ, а Србите не?“ Ќе се обидам да објаснам што е можно поедноставно: затоа.
Еден твит на Бошко Караџа ме замисли и ме испровоцира да седнам на тастатура, иако после тоа вчера тешко се седнува и срочува рационален текст. А впрочем и кој би знаел што е сега најпаметно? Ај ќе пробаме со факти.
Фудбалерот на Монако, Јусуф Фофана заедно со ѕвездата на Реал Мадрид Тчуамени синоќа го држеа бетонскиот среден ред на Франција и водеа многу битки со Мароканците. Фофана има многу необична биографија.