Меси првпат дојде лично да даде некому дрес, и тоа на голманот на Курасао

Гаучосите по освоената светска шампионска титула одиграа два натпревари на домашен терен, пред преполни трибини, а атмосферата беше славеничка. Прво ја победија Панама со 2-0, а сега Курасао со 7-0. Меси постигна хет-трик.

Лионел Меси забележа хет-трик уште во првиот дел а еден од погодоците му беше јубилеен 100-ти во репрезентацијата. После мечот Лео направил прекрасен гест, дошол до голманот на Курасао кој седум пати ја вадеше топката од мрежата, и го сменил дресот токму со него, и покрај тоа што многу други фудбалери му го барале вредниот дрес.

Голманот на Курасао, Елои Рум брзо ќе заборави на дебаклот кој додуше беше очекуван.

„После мечот Лео ми кажа дека сум имал неколку добри одбрани. Моите одбрани ќе ги има на Јутјуб! Никогаш нема да го соблечам овој дрес од Меси, ќе спијам во него“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Eloy Room (@eloyroom)

Можно е да се замисли какви емоции имал голманот на репрезентацијата на таа малечка земја кој добил дрес лично од Меси кој му пришол.

Лионел стигна до 102 гола за репрезентација и сега на седум погодоци од рекордерот на Иран Али Даеи кој во кариерата блескаше со дури 109 гола за својата земја. Кристијано Роналдо е апсолутен рекордер со 122 погодоци иако треба да се признае дека во европските квалификации неретко се надава голови против селекции како Луксембург (11 против нив досега).

Жена ако не мисли, кој ќе мисли

29 март 2023 - 08:41