ФК Вардар е прв на табела и води битка да се врати онаму каде што му е местото, во прволигашко друштво. Kога ќе им ги прочитате проблемите со кои се соочуваат, ќе помислите дека се работи за четвртолигаш формиран во 2023-та со нула денари влог.
Холанѓаниве треба уште да учат како се однесува прав шериф на терен. Се јачаат со скутер на аматерски натпревар, ама изгледа немаат слушнато за Силекс и Ѕинго.
Вардарци викендов славеа 4:1 против Караорман и избија на челната позиција во втората македонска лига. И покрај финансиските проблеми, клубот грчевито се бори за кам бек во прволигашкото друштво и ја билда атмосферата.
Спортскиот храм во срцето на Кисела Вода каде некогаш се играа врвна одбојка, кошарка и ракомет и каде Вардар Ватростална со Пепи Манасков освојуваше титули, повеќе не личи на сала. Распад систем е внатре, а срамните кадри ги сними спортскиот новинар Мијалче Дургутов. Како 200 вакви да имаме, па е тешко да ги одржуваме. Бојлер има на влез.
Ним морето им е блиско, и на југ и на исток: го чувствуваат но не се до него. Покрај манастирот Свети Наум растат смокви, бадеми и рузмарин. Кога ќе се разбрануваат житата, Пелагонија личи на отворено море. На многу места во внатрешноста уште постојат гумна од скаменета сол; и тука некогаш имало море, некаде истекло, за навек.
„Кога отидов во Вардар во населбата Пролет изби револуција. Икиќ отишол во Вардар. Ѓубре, ваков, таков, како не му е срам, најголем душман ни е Вардар, тој отишол таму. Во сандаче наоѓав по 50 писма од навивачи. Тоа беше невиден притисок, не можев да го издржам и се вратив во Пролет“.
По скандалозните дебилни испади на „Гробари“ кои го пречекаа Вардар во СЕХА лигата со грчко знаме, графити дека Гоце Делчев е Бугарин и дека сме немале идентитет, за сега нема никаква осуда од Партизан или било која институција, а треба остри казни да фрчат за ова. Спортплус.мк му ја фатиле реакцијата на Столе Стоилов.
„Едната е големо трпение и создавање играчи и резултатите ќе бидат неизбежни ако продолжиме вака да работиме. Втората опција е ако сакаме успех, да натурализираме 2-3 квалитетни играчи. Јас сум спремен и на двете опции“.
Ако тие можат бесрамно и бедно да пењават две години по ред со националистички навреди, наместо да уживаат во ракометната игра, тогаш ние немаме намера да бидеме фини против вакви искомплексирани провокатори. Ако некој припаѓа на таа трибина, а нешто не му е јасно во текстов, нека го прочита пак насловот.
Легендарниот Петар Ангелов кој 14 години беше дел од селекцијата на Македонија, брани за Вардар Неготино, а следен месец полни 46 години. На гостувањето во Радовиш во рамките на второто коло од плеј аутот во Суперлигата, на крај имаа гол предност и напад. Но го прокоцкаа и примија гол од одбиена за конечни 21:21. Голот заврши на паркетот.
Од СЕХА лигата се решија малку на забава и снимија видео со тренерите и играчите на Вардар и Партизан. Кај двократниот европски првак на прашањата на тренерот Владо Недановски одговараат Филип Талески, Дејан Манасков, Мартин Карапалевски и Мартин Томовски.
Петта година по ред Агенцијата за млади и спорт им дели финансиска помош на македонските федерации, клубови и индивидуални спортисти. Ама стално има некои нејаснотии околу доделувањето. На пример врз кој критериум ќе земе пари Ренова која лани се повлече од прва лига?
Како и сите деца и Цанко Курбла имаше големи планови. Еден од нив беше на раат да си ја изеде својата кришка леб со маст и црвен пипер. Но тој ден дури тројца копиљаци му се обратија со традиционалната маалска реплика “дај еден гриз!”
Добро познато е дека парите во ракометот се ситнеж во споредба со фудбалот, ама пркнале во споредба со лани. Ако до пред неколку години милион евра беше плафон за годишна плата, сега е скоро два.
Вардар, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Комити, Чкембари, Пандев, Стоилов, Седлоски, Скопско, Битолско, Даб... Дури и таблици ставил со македонски регистрации од неколку градови. Рапот во позадина му е капак.
Не постои навивач на Македонија кој не би посакал да му оди на гости на овој човек. Во музејот му влегле од екипата на Зевзекманија, па сè до новинари на Франс Фудбал. Кипре е жива легенда и не веруваме дека на некој друг му е вака по дома.
„Се надевам дека репрезентацијата нема да има големи последици, затоа што сè она што го градевме изминативе 15 години, оние резултати кои се боревме да ги достигнеме, не би сакал да видам некој поради лични ега или комплекси да ги сруши и да ја донесе Македонија на ниво каде што беше пред 15 години“.
Сегашните резултати не го одредуваат статусот на ракометот како спорт во одредени земји. Тоа е Македонија. Единствената земја во екс Ју заедно со БиХ која немала репрезентативен медал и каде репрезентативците се слават како национални хеори, како никаде на друго место.
„Да кажеш дека си играл на Маракана, тоа е исто како Монт Еверест, нема повеќе, тоа е“, ќе каже покоен Кирил Дојчиновски. „Не очекував дека ќе бидам стартер, но одеднаш ми го прочитаа името. Се наежив“, рече Методија Спасовски.
Во петтата емисија посветена на СП Катар 2022, која го освежи сиромашниот македонски спортски етер со интересни анализи и занимливи приказни и анегдоти, гостува легендарниот напаѓач Васил Рингов, инаку прв стрелец во историјата на Вардар. Од Загреб се вклучува Мрме.