- Во интервју за ЕХФ, поранешниот стратег на Вардар и поранешен селектор на Македонија, се потсетува на незаборавниот јуни 2017-та, кога со црвеноцрните испиша нова историја за македонскиот ракомет.
- „Во 2014 година го преземав Вардар и тоа се покажа едно неверојатно и незаборавно искуство. Во 2016 за малку не стигнавме на фајнлфор, а следната сезона веќе го кренавме трофејот“.
- „Во Македонија беше тотално лудило. Дури 90 отсто од луѓето го гледаа финалето, значи девет од секои десетмина беа пред телевизор за да нѐ гледаат против ПСЖ. Кога се вративме во Скопје, 100.000 луѓе беа на улиците за да слават, да нѐ поздрават. Нешто неверојатно, прекрасно. Јас можам да кажам, со рака на срце, дека Македонците се најдобри на светот. Таа нивна поддршка за националниот тим, страста што ја имаат за спортот, за идолите тоа е без преседан“, вели Раул.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.