Мирослав Крлежа за Македонија

Ним морето им е блиско, и на југ и на исток: го чувствуваат но не се до него. Покрај манастирот Свети Наум растат смокви, бадеми и рузмарин. Кога ќе се разбрануваат житата, Пелагонија личи на отворено море. На многу места во внатрешноста уште постојат гумна од скаменета сол; и тука некогаш имало море, некаде истекло, за навек.

И на Македонците би сакал да им кажам неколку зборови симпатија. Ним морето им е блиско, и на југ и на исток: го чувствуваат но не се до него. На егејската страна им останаа дел од браќата. На пиринската страна исто така. По Вардар струјат приморски ветрови, низводно.

Морето на Македонија всушност е Охрид. Дојран ѝ е езерото. Покрај манастирот Свети Наум растат смокви, бадеми и рузмарин, во близина има јужни лози. Во песните е „т'га за југ“. Во црквата Света Софија, во стариот Охрид, на фреските има необично сина боја. 

Кога ќе се разбрануваат житата, Пелагонија личи на отворено море: така и го има добиено името. Кога заоѓа сонцето е плавкаста (такви се и некои други македонски рамници), подоцна станува темна како Хомеровото море. На многу места во внатрешноста уште постојат гумна од скаменета сол; и тука некогаш имало море, некаде истекло, за навек.

Во народните приказни (повторно ги прегледав оние кои ги има запишано Марко Цепенков), малку се спомнува пловидба: тој молк, се чини, не е случаен.

Стари и нови разговори со Крлежа

 

 

 

 

10 март 2023 - 08:49