Диви прими гол во последна секунда и го бутна голот
Легендарниот Петар Ангелов кој 14 години беше дел од селекцијата на Македонија, брани за Вардар Неготино, а следен месец полни 46 години. На гостувањето во Радовиш во рамките на второто коло од плеј аутот во Суперлигата, на крај имаа гол предност и напад. Но го прокоцкаа и примија гол од одбиена за конечни 21:21. Голот заврши на паркетот.