Необични кадри пристигнаа од третолигашкиот фудбал во Чиле. Пред стартот на мечот пристигна дрон од кој висеше плетена корпа, а во неа топката со која треба да се игра. Wtf?
На Ромео Бекам изгледа му фаќа пиперницата за фудбал, ама и десницата од слободен удар, што беше специјалност на неговиот легендарен татко Дејвид. Има 19 години и игра за вториот тим на Интер Мајами, каде Дејвид Бекам е еден од газдите. Да видиме како ја отвори новата сезона против Орландо.
На еден од последните тренинзи пред четвртфиналниот меч на Ѓоковиќ против Италијанецот Синер, шоу правел и малиот Стефан кој сè повеќе покажува тениски движења и талент за белиот спорт.
Новак Ѓоковиќ е во Лондон каде се спрема за почетокот на големиот Вимблдон. Тенискиот ас изнајмил куќа во која престојува со семејството и тренерите. Прв ривал ќе му биде Кореецот Сон Ву Квон. Додека местеа една трамболина со тренерот Горан Иванишевиќ и кондицискиот тренер Марко Паники, малиот Стефан Ѓоковиќ им дофрли нешто.
„Секогаш на победа“ е збирка на лекции како се доаѓа до успех, а Кире во воведниот дел ја раскажува онаа детската, целосно непозната за јавноста. Од уличните тепачки на фудбал, првите ракометни предизвици на влажните асфалти каде се кинеле патики за 20 дена, глупоштиите со другарите, па сè до денот кога бирал меѓу два спорта кои имаат заеднички елементи.
Италијанскиот селектор Роберто Манчини сфати дека нешто мора да менува по дебаклите од Македонија и Аргентина, дека аѕурите одат во надолна линија, па се реши да повика еден дебитант за кој ретко кој слушнал.
Во баражот за прва лига, пред неколку дена Еибар на гости ја совлада Жирона 0-1 со можеби најубавиот гол на сезоната во шпанскиот фудбал. И сè беше спремно малиот симпатичен баскиски клуб да се врати во елитен ранг, ама Жирона направи целосен пресврт во реваншот и со ремонтада 0-2 оди во Ла Лига!
Монца е град во сама близина на Милано, со околу 122.800 жители. Некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони и неговата доживотна десна рака, Адријано Галијани пред неколку години го презедоа фудбалскиот клуб од овој град. После пар сезони успеаа да го внесат малиот клуб во елитната Серија А и тоа после голема драма.
Додека се спрема големиот спектакл Надал - Ѓоковиќ, младата светска тениска надеж Карлос Алкараз се пласираше во истата фаза на Ролан Гарос откако го совлада Карен Хачанов со 3:0 во сетови 6:1, 6:4, 6:4 за два часа и 16 минути.
Во дуелот меѓу двајцата шпански тенисери во втората рунда на Ролан Гарос, младиот шампион и најголема надеж на шпанскиот тенис, Карлос Алкараз едвај со големи маки го победи Рамос-Вињолас со 3:2 по сетови: 1:6, 7:6, 7:5, 6:7, 4:6. Алкараз имаше и еден сензационален потег и покажа зошто го сметаат за легитимен наследник на Рафа Надал.
Германскиот Ајнтрахт го освои првиот евро пехар после цели 42 години. Тогаш, во 1980-та славеа во Куп на УЕФА, сега славеа во истиот турнир со друго име - Лига Европа. Огромни заслуги за историскиот успех носи уникатниот претседател на клубот - 63 годишниот Петер Фишер.
Новиот македонски првак Шкупи едвај спаси жива глава на гостувањето кај ланскиот првак Шкендија. Се јавија со реакција за низата инциденти кои се случија во Тетово и ги потсетија тетовци како тие беа пречекани во Чаир.
Најмоќниот менаџер на денешницата, Мино Рајола, почина денес на 54 години. Италијанскиот агент кој стоеше зад најголемите светски фудбалски имиња, последниве неколку недели бил на интензивна нега.
Во ера на модерен фудбал полеан со милијарди од шеици, нафтни магнати и олигарси, речиси и да подзаборавивме на некои убави романтични фудбалски приказни од минатото. Кој денес би се сетил дека малите Ла Коруња, ПСВ Ајндховен, Леверкузен, Нант и Шалке играле во сама завршница на Лига на шампиони?
Во ера на шеици, нафтни магнати, милијарди евра за трансфери кои го обликуваат модерниот фудбал, островот наречен Виљареал се бори на најромантичен начин.
Со само 18 години веќе игра фантастична сезона, го освои големиот и престижен турнир во Мајами и важи за новиот Надал, легитимен наследник на неговиот идол.
Преку онлајн кампањата “Meet&Greet” со навивачите на Парма, од најмлади до највозрасни, од спортскиот центар Колекио зборуваше најдобриот македонски фудбалер.
Садио Мане и неговиот Сенегал апсолутно заслужено стигнаа до пехарот на Купот на Африкански нации. Играа одлично, отворено, напаѓачки на гол повеќе и на крајот им се насмевна и среќата: на пенали во финале го урнаа најтрофејниот Египет. Но една приказна поврзана со јунакот на Сенегал се шири по светот.
Во ситуација кога на повеќекратниот европски шампион му оди добро на терен и уште подобро во раководството, од Ајакс стигна вест како гром од ведро небо: успешниот спортски директор Марк Овермарс кој е најзаслужен за сите големи трансфер успеси на клубот добил шут карта.
Март 1997 година. На патот до уште една шампионска титула, Булс веќе трет пат во сезоната ја победија Филаделфија Севентисиксерс. Но во печатот и на улиците во САД никој не зборувал за новиот гостински триумф на Чикаго Булс, туку насекаде се зборувало за малиот Ален Ајверсон, првиот пик на НБА драфтот претходната година.