Бајката Виљареал и натаму трае - со осум деца од своја школа до полуфинале на Лига на шампиони

Во ера на шеици, нафтни магнати, милијарди евра за трансфери кои го обликуваат модерниот фудбал, островот наречен Виљареал се бори на најромантичен начин.

Виљареал веќе направи големо чудо во овосезонскава Лига на шампиони: ги поминаа Јувентус и Баерн Минхен и стигнаа до полуфинале.

За споредба: седмопласиран тим на Ла Лига, од град со 30 пати помал број на жители од Минхен (50.000 наспротив 1,5 милиони), шест пати помал буџет од Баерн. Неверојатни контрасти.

Но разликата не е само во пари и во население: ниту еден четвртфиналист на Лига на шампиони нема толку многу свои деца во составот. Виљареал има дури 8 фудбалери од своја сопствена академија. Челси има 6, Реал 5, Баерн 4, Бенфика 3, Манчестер Сити и Ливерпил по 2 и Атлетико Мадрид 1.

И сево ова во ситуација кога академијата на Виљареал не е најголема на свет. Таа не е ниту во Топ5 по бројот на деца од своја школа во прв тим во Топ5 лигите како што се Барселона, Лион или Рен. Не е ниту во топ најпрофитабилни академии каде што се Бенфика, Монако и Ајакс.

Затоа бајката на Виљареал е уште поубава.

Како дошло до тоа семејниот клуб од градот центар на керамичката индустрија да има така ефективна школа?

МАЛИОТ ГРАД ВО КОЈ СЕ ИГРА САМО ФУДБАЛ

Виљареал не е баш периферија туку е мошне значаен град на патот од Валенсија до Кастељон де ла Плана. Фудбалскиот клуб е симбол на овој град. Предводен е од претседателот Фернандо Роич кој според Reuters досега на клубот потрошил 42 милиони евра.

На околу 80 илјади квадратни метри се простира академијата на Виљареал.

Во неа внатре има четири терени со природна трева за 11 на 11, има еден за тренинг на првиот тим, два терени се за младинците и плус стадионче со капацитет од 3.500 гледачи.

Имаат уште и три терени со вештачка трева за 8 на 8 и таму играат деца до 12 години. Виљареал во академијата има и два универзални терени за специјални задачи кои се разликуваат дури и по облик во вид на шестоаголник, квадрат и правоаголник.

На оваа база тренира првиот тим, младинците и цела академија на Виљареал сите заедно. Децата чувствуваат дека патот до прв тим им е отворен зошто симболично прозорите гледаат кон теренот каде тренира првиот тим.

И тоа не е се. Во друго предградие на Виљареал има уште една академија. Поскромна додуше, со три терени 11 на 11 и едно за игра 8 на 8 за клубот филијала Рода кој што игра во иста лига со третиот тим на Виљареал и вториот резервен тим на Валенсија.

Силата на Виљареал не е само во терените. Најглавен е правилниот пристап кон децата и внатрешната структура.

„Наша тајна е напорна работа и скромност. Ние сме од не баш голем град“, вели легендарниот фудбалер на овој клуб и репрезентативец на Шпанија Маркос Сена.

КАКО РАБОТИ АКАДЕМИЈАТА НА ВИЉАРЕАЛ?

„Сите академии во Шпанија работат отприлика исто. Секоја година вработените во системот за клупска подготовка се собираат и разгледуваат разни методологии. 80-90% од методите се слични во сите клубови.

Виљареал големо внимание обраќа на младинците и има одлична Б екипа. Таа сега е во Сегунда и таму е втора зад резервните клубови на оние од Ла Лига после Реал Сосиедад. Огромно внимание им се обраќа, на пример често натпреварите им ги гледа Унаи Емери“, вели Рафаел Руиз кој работел во таа академија.

„Реал и Барселона се занимаваат повеќе со скаутинг. Ансу Фати и Гави се од Андалузија, Педри е роден на Канарски острови. Сите силни младински екипи одат на турнирот MIC (Mediterranean International Cup) каде се најталентираните деца од Валенсија, Севиља и други тимови. На родителите им се нуди одлична работа (обично трансфер не поминува без тоа), со децата веднаш се потпишува договор. Веќе на детско ниво финансиските услови се сосема поинакви. Во Виљареал најдобро знаат да работат со млади играчи“.

Тоа се малите тајни на успехот на полуфиналистот во Лига на шампиони. Посебно внимание се обраќа на личноста и на психологија.

„Персонализација е клуч до успехот на академијата на клубот. Така како што е во Виљареал немам видено никаде во Шпанија. Игрчите прво ги делат според позиции, а после по навики над кои треба да работат. На пример во една група се четири десни бекови. Сите имаат главни задачи: да научат да се приклучуваат во зони на напад, да знаат да центрираат, да додаваат прецизно, да вратат топка позади итн. Милион детали има“.

На 17-19 години веќе никој не става акцент на вниманието на тоа како децата треба да играат на сите позиции. Тоа се подразбира. Тогаш почнува специјализација. На пример во меч 7 на 7 на крилни позиции им се дава место на бекови и на фудбалери од среден ред. На стоперот му се дава задачи колку напади треба да пресече и колку да почне во разни услови (на пример само да дава топка по земја без долги топки).

Секоја недела тренерите имаат состанок со тренерот по методологија Алехандро Нано Маркез. 

Со секоја возраст во академијата на Виљареал работат по двајца тренери а има и тренери за физичка подготовка, тренер на голмани, аналитичар и психолог.

„Понекогаш спортистите имаат лични проблеми за кои не сакаат да зборуваат со тренерот. Играчите се плашат дека разговорот ќе влијае на односот со тренрот и дека може нема да играат. Психологот работи зошто децата знаат дека никој нема да ги суди, психологот секогаш ги чува тајните и се труди да помогне.

Во Шпанија има сосема друг однос за ментална припрема. Спремаат не само идни професионалци туку играчи на топ ниво во секоја смисла: дисциплина, носење нестандардни одлуки, живот надвор од теренот, да развијат своја способност да се носат со притисок, како да зборуваат со новинари и да излегуваат во јавен простор, како да се носат со критики на социјални мрежи. Многу зборуваат и со тренерите: анализа на натпреварите групно или лично“.

Не ни требаат шеици за да го сакаме клубот - бајката Виљареал, клуб кој го прави среќен цел град

Остров во морето на модерниот фудбал - на Виљареал навивачите му се поважни од парите

13 април 2022 - 09:02