Речиси сите условно „помали“ клубови големите продори на меѓународна сцена ги користат да заработат што е можно повеќе. Макар и на сметка на навивачите.
Од друга страна навивачките групи низ годините се обидуваат преку акции, пароли и собири да укажат на безобразно високите цени на влезници кои веќе се сериозни дури и за најбогатите.
Честа појава е најверните следбеници на еден клуб кои се тука и кога се игра некој „помалку важен“ првенствен дуел, да не можат да си приуштат место на голем натпревар од еврокуповите.
Но тоа не е случај со шпанскиот Виљареал, синоним за права фудбалска бајка.
„Жолтата подморница“ го растури Јувентус и стигна до четвртфинале на Лига на шампиони. Таму им се падна Баерн Минхен.
Пред првиот меч на 6 април, од управата на Виљареал излегоа со соопштение дека цените за влезници за оние кои поседуваат сезонски карти ќе бидат 20 евра, а за младите под 25 години цената ќе изнесува 10 евра.
Ова е незамисливо на другите големи европски стадиони од Минхен, Лондон, преку Париз, Мадрид и Торино каде цените на влезниците се преку 70 евра.
I'll say it again. Villarreal. What a club.
— Jamie Kemble (@JamieKemble) March 21, 2022
Champions League quarter-final against Bundesliga champions Bayern Munich and adult tickets for season ticket holders start at €20.
That's how you look after your fans. pic.twitter.com/4DEe4ls1Wh
Не ни требаат шеици за да го сакаме клубот - бајката Виљареал, клуб кој го прави среќен цел град