Луди голови во први и последни секунди за пласман во Ла Лига
Во баражот за прва лига, пред неколку дена Еибар на гости ја совлада Жирона 0-1 со можеби најубавиот гол на сезоната во шпанскиот фудбал. И сè беше спремно малиот симпатичен баскиски клуб да се врати во елитен ранг, ама Жирона направи целосен пресврт во реваншот и со ремонтада 0-2 оди во Ла Лига!
Прво буквално во првите секунди од мечот Борха Гарсија постигна страшен еврогол од 20-ина метри за 0-1. А после во 90+1’ минута ветеранот Стуани со глава даде гол за 0-2 кој прво беше поништен па после признат за лудо славје на Каталонците!