Тие што биле помлади ќе се изнасмеат на фоткава, а постарите ќе се присетат на легендарниот Ристо Ничевски, првиот македонски шахист со освоен интернационален бал.
Ја знаете онаа наша рубрика каде ди-џеи бираат песни на неделата, а во која до сега гостувале, како што обично се вели, „видни личности од јавниот (не толку од политичкиот) живот“. Но што ако им дадеме шанса да бираат музика на луѓе од кои никогаш јавно не било побарано такво нешто? И што ако тоа го направиме баш воочи Денот на заљубените?
Со победа од 6:4 над ЈСП, златниот медал во овогодишната сезона во Бизнис лигата отиде кај екипата на Лукоил. Во борбата за трето место Рамстор го совлада ЕЛЕМ.
Само екипата на ЕЛЕМ успеа да излезе како победник во третиот ден од 21. коло во Бизнис лигата на Македонија. Другите две средби завршија без победник.
Александар Божиков од екипата на Фабрика Карпош со 6 погодоци е најдобар стрелец на 13-коло во Бизнис лигата, а за екипа на колото е прогласена Македонски Телеком.
Како директна реакција на овогодишните резултати од конкурсот на Министерството за култура во областа на издаваштвото, педесетина автори потпишаа Проглас за достоинство на македонскиот писател и на македонската книжевност. Го пренесуваме во целост.
Од денеска па до 29 јануари ќе уживаме во врвен ракомет кој ќе го играат најдобрите светски селекции меѓу кои е и Македонија. Домаќинот Франција ја брани титулата и вечерва отвора против Бразил.
На роденденска забава ден пред доделувањето некој ме праша кој ќе го добие Нобелот за книжевност оваа година. Претпоставката, која и не беше моја туку собрана по некое интернет сокаче, е дека ќе биде Американец, бидејќи последен пат кај нив „се паднала“ пред 23 години. „Можеби Дилан?“, праша некој. „Ааа не“, реков, „нема шанси“.
Без разлика на возраст, нација, религија и навивачка припадност, сите вљубеници во италијанскиот фудбал долги години се возевме во возилото кое во сабота и недела го предводеше човекот кој сосема случајно доспеал во коментаторската позиција.
Иницијативниот одбор на „Обединети за фудбалот", групацијата составена од повеќе поранешни фудбалери, судии и тренери денеска начелно ја соопшти суштината на нивниот собир.
Оваа година донесе големи ракометни возбудувања за навивачите на Вардар кои повторно покажаа заби во Европа, но имаше огромни разочарувања за оние на Металург од каде си заминаа најдобрите. 2015 година ќе се памети по европската круна на Кире и неговиот јубилеј од 1.000 голови.