ОНЕ.ВИП не успеа да го изненади првакот на табелата ЕЛЕМ

ЈСП и ЕЛЕМ славеа во првиот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Шпаркасе банка и Систина си ги поделија бодовите.

Шпаркасе банка и Систина ги поделија бодовите

Шпаркасе банка 5-5 (1-5) Систина
Шпаркасе банка: Дарко Стојманов 18’Филип Чижбановски 25’ Љубомир Таневски 18’ 40’ Виктор Бибоски 32’
Систина: Влатко Кузманов 3’ 5’ Игор Ѓорѓиевски 7’ Даниел Боневски 14’ Александар Јаневски 20’
Во првото полувреме екипата на Систина прикажа маестрална игра во дуелот со Шпаркасе банка каде што преку одлично изработен напад успеа да постигне 5 гола и на полувремето да отиде со 1-5 во своја полза. Во второто полувреме екипата на Шпаркасе банка целосно ги консолидира своите редови се врати во напреварот и стигна до само еден гол негатива се до две секунди од крајот на натпреварот кога екипата на Шпаркасе банка преку Љубомир Таневски успеа да постигне гол од аут и да израмни на 5-5.
 
ОНЕ.ВИП не успеа да го изненади првакот на табелата ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 11-6(4-4) ОНЕ.ВИП
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 3’ Димче Димитријески 7’ Слободан Лајкоски 15’ Антонио Ничевски 18’ Влатко Петровски 32’ 34’ Диме Милевски 35’ 39’ Жан Ристевски 34’ Синиша Ковчебиќ 31’ Ивица Апостоловски 40’
ОНЕ.ВИП: Слободан Кекеновски 1’ Мартин Ангеловски 6’ 7’ 13’ 24’ Дарко Таневски 34’ 
Екипата на ВИП.ОНЕ на самиот старт од натпреварот успеа да го изненади првакот на табелата ЕЛЕМ со два брзи гола. Во понатамошниот дел од полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа да ги консолидира своите редови не давајќи му на ОНЕ.ВИП резултатски да се одлепи, по ваквата израмнета игра на полувремето се отиде со резултат од 4-4. Во второто полувреме екипата на ОНЕ.ВИП успеа да ја искористи играта на ЕЛЕМ со голман играч за преку контра напад да дојде до брзо водство, но првакот на табелата ЕЛЕМ притисна во предно поле, успеа да створи вишок во нападот и со одлична реализација стигне до убедлива победа од 11-6.
 
ЈСП со одлично второ полувреме до победа над Еуролинк

Еуролинк 3-5(1-1) ЈСП
Еуролинк: Дарко Кадински 11’ Ивица Стефковски 26’ 40’
ЈСП: Ивица Арсенов 2’ Даниел Антовски 29’ 40’ Дејан Блажевски 34’ Томи Петковски 35’
Во првото полувреме екипите на Еуролинк и ЈСП играа израмнет натпревар во кој и двете екипи во поголем дел од полувремето беа со поголем акцент на одбраната па од тука и резултатот на полувремето од 1-1. Во второто полувреме екипата на ЈСП успеа да игра нешто поотворен фудбал и на само 5 минути пред крајот имаше предност од 2-4, при ваков резултат екипата на Еуролинк внесе во своите редови голман играч за да се обиде да се врати во натпреварот но не успае и го загуби овој натпревар со 3-5.
29 март 2016 - 23:47