Еуро Табак со фуриозен почеток во второто полувреме до победа над Пекабеско

ЕЛЕМ го декласираше Раде Кончар, а победи во вториот ден од 13. коло славеа и екипите на Еуро Табак и ЈСП.

ЈСП сигурни во дуелот со Окта

Окта 3-10(1-4) ЈСП

Окта: Живко Котевски 16’ Шеќо Личина 27’ Дуко Серафимовски 40’

ЈСП: Давор Калиновски 5’ Даниел Антовски 9’ Љупчо Павловиќ 11’ 29’ 35’ 35' 38’ Сабит Хусеини 13’ 29’ 37’ Велко Серафимовски 26’

Екипите на Окта и ЈСП одиграа одлично прво полувреме, двете екипи се определија за офанзивен фудбал. Екипата на ЈСП беше таа која наметна побрзо темпо на игра и успеа да ја искористи предноста со голман играч во фаза на напад, во 11та минута веќе имаа солидна предност од 0-3. Екипата на Окта преку контра напади се обидуваше да ја намали предноста, но екипата на ЈСП доста умешно го чуваше својот гол и упеа да го одбрани налетот на екипата на Окта. На полувремето се замина со резултат1-4.Во второто полувреме екипата на Окта со неколку ротации во составот се обидуваше да ја пронајде својата игра со цел да го намали водството на ЈСП. Сепак екипата на ЈСП доста рутинирано успеваше да се одбрани од постојаниот притисок на противникот. Натпреварот заврши со резултат од 3-10.

Еуро Табак со фуриозен почеток вовторото полувреме до победа над Пекабеско

Пекабеско 1-3(0-0) Еуро Табак

Пекабеско: Дејан Јанковски 21’

Еуро Табак: Дејан Јанковски 21’ Влатко Богдановиќ 23’ 23’

Првата фаза од полувремето помеѓу Пекабеско и Еуро Табак одмина мирно без многу шанси за гол со игра главно на средината на теренот. Играчите на двата тима се обидуваа со удари од далечина да го отворат резултатот, но не беа на висина на задачата. Голманите на двата тима беа одлични во ова полувреме и успеаа да скротат одлични удари, потенцијални шанси за погодок. Во финишот од полувремето екипата на Пекабеско направи канонада од удари кон голот на Еуро Табак, но голманот Поповски ја зачува својата мрежа за резултат од 0-0 на полувремето. Во второто полувреме двете екипи почнаа со поофанзивна игра што веднаш вроди со плод, за неполни 3 минути на самиот старт екипата на Еуро Табак успеа да створи солидна предност. До крајот на натпреварот екипата на Пекабеско успеа само да го ублажи поразот со еден постигнат погодок. Крај 1-3

ЕЛЕМ убедлив во дуелот со Раде Кончар

Раде Кончар 3-14(0-5) ЕЛЕМ

Раде Кончар: Сашо Трпчевски 25’ Дејан Димитриевски 31’ Стефан Ицковски 39’

ЕЛЕМ: Димче Димитриевски 5’ 9’ Ристо Стефковски 6’ 37’ 40’ Синиша Ковачевиќ 11’ 39’ Александар Бокан 12’ Диме Милевски 18’ 32’ 39’ Горан Николов 20’ 35’ Златко Станкоски 28’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Раде Кончар и ЕЛЕМ помина во знакот на екипата на ЕЛЕМ која уште од самиот старт на натпреварот ја превзеде иницијативата и тргна жестоко кон противничкиот гол. Веќе во 12та минута имаа убедлива предност од 0-5. Екипата на Раде Кончар во ова полувреме не успеа да најде противигра за денес расположената екипа на ЕЛЕМ. На полувремето се замина со резултат Во второто полувреме на самиот старт екипата наРаде Кончар се обиде да го намали резултатот но виокото темпо на игра и кратката клупа ги направи немоќни во дуелите со расположените ЕЛЕМ. Натпреварот заврши со висока победа на ЕЛЕМ и резултат од 3-14.

28 февруари 2018 - 10:45