Големите суперѕвезди Кевин Дурант и Расел Вестбрук пред истекот на прозорот кој овозможуваше промена на средината, потпишаа договори со нови клубови во НБА.
Триесет и шест годишниот Хулк постигна два прекрасни гола на мечот меѓу неговиот Атлетико Минеиро и Демократ од државното првенство Минеиро. Хулк испрати две разорни бомби од преку 30 метри далечина. На крај неговиот Атлетико славеше 3-1, а за шпицот ова е веќе петти гол на три меча сезонава.
Триесет и осум годишниот Леброн Џејмс на 10,9 секунди пред крајот од мечот со Оклахома погоди шут за два и тоа значеше вкупно 38 поени на крајот од средбата или 38.388 досега во кариерата.
Знаеш она, кога ќе си легнеш пред телевизор да правиш НИШТО и да зјапаш, надвор ладно и глупо, внатре пријатно, те има фатено некое недружељубиво расположение и најлошо што можеш да замислиш е сега да излезеш и да се дружиш со луѓе - и жена ти ти вика, „Мораме да одиме.“? Е па, Бен Афлек.
Во вечерта кога Леброн Џејмс влезе во вечноста откако постигна 38 поени и се искачи на прво место на вечната листа најдобри стрелци во историјата на НБА, и Никола Јокиќ имаше нова партија за насловни страни.
МЗТ и Работнички одиграа дерби за мерак со голема неизвесност, навивачки шмек од страна на двете групи, пиротехника и без инциденти. Аеродромци славеа 91:87, а најдобар на паркетот беше Војдан Стојановски со 26 поени, 5 скока и 4 асистенции. Одиме со најубавата акција на мечот во режија на победниците.
МЗТ Скопје го доби големото дерби во Јане Сандански против Работнички со 91:87, ама во цел регион сè уште хит број 1 е реакцијата на Драган Николиќ, кој лудо ја прослави првата победа во АБА лига против Цедевита Олимпија.
Не важи веќе непишаното правило кога губи Реал губи и Барселона. Мадриѓаните изгубија 1-0 од Мајорка на гости, а Барселона искористи кикс на Реал, со 3-0 ја прегази Севиља и се одлепи на +8 поени на табелата. Во еден момент од мечот на „Камп Ноу“ гостинскиот тренер Хорхе Сампаоли му дал лист со инструкции на Жоан Жордан кој цели две минути трчал со листот во рака.
Меѓу навивачите на Милан и Интер неколку години веќе владее неформален договор за ненапаѓање, речиси никогаш меѓу нив нема физички пресметки што не е случај со другите навивачки групи во Италија. Но на трибини кога се игра дербито има раскошен репертоар на песни, пароли, зафрканции.
Ви текнува дека до скоро сите се фатија за минимализам, па по земја седеа по дома, по една дрвена лажица имаа во кујна, а во плакар две маици и еден пар тренерки? Е па, тоа на извесна Сара Кампос ништо не ѝ значи.
Енцо Фернандез, еден од протагонистите на светскиот првак Аргентина на Мундијалот во Катар, во јули 2022-ра направи трансфер од Ривер Плејт во Бенфика за 14 милиони евра. Осум месеци подоцна португалскиот тим од 22 годишниот играч од среден ред, извади рекордни 120 милиони евра за Премиер лигата кои ги исплати Челси. 30 милиони евра од таа сума оди во Ривер.
Адам Даниел од сајтот „Конверзејшн“, во текот на пандемијата решил да направи експеримент: да го гледа „Денот на мрмотот“ секој ден, во тек на 365 дена. Таквото повторливо втопување во едно исто дело му отворило нови хоризонти.
Галатасарај и натаму го чува првото место во турската Суперлига откако синоќа со 3:2 едвај го совладаа Умраније. Галата има 7 бода повеќе но и натпревар повеќе од Фенербахче. На вчерашниот дуел Лукас Тореира покажа зошто едно време играше во Атлетико Мадрид и во силниот Арсенал кој за него даде повеќе од 30 милиони евра.
Ако Челси под Роман Абрамович беше синоним за луксуз, за скапоценост, за јахти и трошење милиони за најскапи играчи, за ова сега што се случува под новиот газда, Американецот Тод Боели нема соодветни зборови.
Прво ти е убаво на душата дека некој е толку посветен на мода + практичност што успева да направи одлично парче што потоа се преправа во две одлични парчиња. Второ, мажи, обрнете внимание. Не се само маици и бермуди на светов. А не се ни само мокасини со тесни фармерчиња до колена за дотерување.
Јуришот да се порази Владимир Путин добива сопствен опасен и безглав залет, исто како што беше во Ирак, пишува писателот и политиколог Панкаџ Мишра во колумна за Блумберг.
Триесет и шест годишниот Халк (или Хулк како милувате), уште игра во топ форма за бразилскиот Атлетико Минеиро. Во рамки од 2. коло од бразилското првенство Минеиро, Атлетико Минеиро на гости со 1-2 го совлада Томбенсе. Халк имаше асистенција и гол. Интересно, се измерил и сликал на вага која покажала 97.7 килограми пред натпреварот и 91.9 килограми после мечот.
Откако ја искористи меч топката во финалето со Стефанос Циципас за победа, камерите го дадоа Ѓоковиќ како покажува со прст на глава па на срце, но не и на третиот, по многумина многу битен детал за еден спортист.
Фудбалскиот клуб Ремс од Франција веќе 13 меча не знае за пораз и тоа е една од најдолгите непобедливи серии во Топ5 лигите во Европа сезонава. Клуч за успехот е младиот и анонимен тренер кој се учел преку неверојатната видео игра Football Manager.
Како и сите деца и Цанко Курбла имаше големи планови. Еден од нив беше на раат да си ја изеде својата кришка леб со маст и црвен пипер. Но тој ден дури тројца копиљаци му се обратија со традиционалната маалска реплика “дај еден гриз!”
Една од најпознатите лица на англискиот климатски активизам, сведочи како во тие организации им се перат мозоците на членовите, наведувајќи ги на секакви глупости „за да ја спасат планетата Земја.“ Некои од младите се толку убедени дека нè чека апокалипса што се сигурни дека нема да доживеат ни 30 години. Кутри.