Интер го победи Милан со 1-0 со гол на Лаутаро Мартинез во 34’ минута, во дерби за кое општ впечаток е дека беше најслабо фудбалски во последните сезони.
Но затоа на трибини имаше и да се види многу.
Навивачите на Интер пред почетокот на натпреварот кренаа фасцинантна кореографија на која доминираше нивниот препознатлив знак - змијата.
Од друга страна, Curva Sud (Јужна трибина), навивачката група на Милан имаше кореографија со натпис: “Напред ѓаволу (прекар на Милан меѓу навивачите), гордост и миланизам“.
Во текот на миланското дерби и од двете трибини зад головите се креваа интересни пароли, па така во еден момент црвено-црните извадија натпис:
„Шампионот на Италија го поздравува шампионот на Саудиска Арабија“ како алузија на тоа што Милан освои скудето во Серија А, а Интер славеше убедливо 3-0 во неодамнешниот Супер Куп одигран во Саудиска Арабија.
I campioni d'Italia salutano i campioni d'Arabia:
Curva Nord на ова возврати со парола „Дури и во Ријад демонстрација на сила по којзнае кој пат. Ѓаволчето на колена во присуство на змијата“.
Круна на зафрканцијата беше паролата на миланистите: „Curva Sud Rolex, Curva Sud Casio“.
Оваа парола на навивачите на Милан е поврзана со неодамнешниот хит на Шакира која по разводот со Жерар Пике испеа песна со стих „Замени Ролекс за Касио“.