Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

„Преспанскиот правопис“ не е ист за Македонија и за ЕУ

16 ноември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција, склучен наводно за побрза македонска интеграција во НАТО и ЕУ, иако не ги исполни целосно таквите декларирани намери, се претвори во практична алатка за деноминирање на македонскиот национален идентитет.
  • Кога станува збор за примената на одредбите од Преспанскиот договор, на Македонија и на македонските политичари од Грција, меѓународните, а особено од ЕУ-факторите се бара хиперкоректна употреба на принудно додадената географска одредница „северна“. Но кога европските, т.е. меѓународните фактори ќе се најдат во ситуација да се придржуваат до одредбите од истиот договор што ѝ го наметнаа на Македонија, тогаш изговорот го бараат во граматиките на сопствените јазици.
  • Најчесто тоа им е првото и најлесно објаснување кога ја употребуваат придавката „северномакедонски“ говорејќи за македонскиот идентитет, народ, култура, историја, традиција, за државните функционери, институции, локалитети, производи…
  • Од денешна перспектива, а и во времето кога се готвеше Преспанскиот договор, звучеа залудно предупредувањата на лингвистите дека со политички договор не може да се менуваат граматичките стандарди ниту на македонскиот, ниту на другите јазици.
извор

Трамп ги крена тарифите за Србија и БиХ

8 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Србија и Босна и Херцеговина се меѓу 14-те избрани земји на кои претседателот Доналд Трамп од 1 август им воведува значително повисоки тарифи за увоз на производи. Србија е погодена со царина од 35%, а Босна и Херцеговина со 30%.

  • Тарифите за другите земји се во рангот од 25% за увоз на стоки од Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Казахстан и Тунис, 30% за Јужна Африка, 32% за Индонезија, 35% за Бангладеш, 36% за Камбоџа и Тајланд и 40% за Лаос и Мјамнар.

  • Во писмата што им ги испратил на претседателите Трамп ги известува дека „новите царини биле неопходни за да се корегираат трговските дефицити на САД“. Ги предупредува дека на секое нивно зголемување на царините САД реципрочно ќе одговорат, а при отстранување на царинските и регулаторните бариери „можеби“ ќе разгледаат намалување.
  • Белата куќа објави дека до крајот на неделата ќе бидат испратени писма со идентична содржина, но со различен процент на тарифи и до други земји.
извор

Партијата го осиромаши Маск за 9 милијарди

7 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Акциите на Тесла вртоглаво паѓаат откако нејзиниот сопственик Илон Маск најави дека ќе формира Американска партија, како трета политичка опција во земјата. Инвеститорите продаваат, убедени дека навлегувањето на Маск на политичката сцена ќе им нанесе голема штета на неговите компании.
  • Во тргувањето пред отворањето на берзите, вредноста на акциите падна за 7%, со проценка дека загубите на Тесла ќе достигнат 70 милијарди долари. Загубите на Маск лично би биле 9 милијарди во еден ден.
  • Претседателот Доналд Трамп синоќа ја оцени Американската партија како „смешна“.
  • „Третите партии никогаш не функционирале, па тој може да се забавува, но јас мислам дека е смешно. Жал ми е што гледам како Илон Маск во изминатите пет недели излета од колосек и стана крш“, порача Трамп на својата социјална мрежа. 

  • Тој повторно оцени дека Маск е гневен поради бришењето на субвенциите за електрични возила во новиот Голем убав закон за буџет и трошоци на САД.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дајте од тие дрогите

Медиуми
2

Уште од мало го учат к'не да биде

Навивачи
3

Мечка страв, псилоцибин не страв

Здравје
4

Томпсон бил рекордер??

Онака
5

На тениското „Југ“ во Скопје за пиво вака караат

Видео
6

Кинеска турбина, колку 13 наши

Разно
7

Смртта е руска измислица

Балканштина
8

Цената што САД ја плаќаат за Израел не е само во долари

Мислења
1

Мечка страв, псилоцибин не страв

Здравје
2

Кинеска турбина, колку 13 наши

Разно
3

Цената што САД ја плаќаат за Израел не е само во долари

Мислења
4

БлекРок престана да бара инвеститори за Украина

5

И Блер вмешал прсти во Ривиерата на Трамп во Газа

Свет
6

Партијата го осиромаши Маск за 9 милијарди

7

Трамп ги крена тарифите за Србија и БиХ

8

ВИ не може да врти пари ни од фрижидер

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Дајте од тие дрогите

Македонштина

Новото „змија или магаре“: Данок или депресија?

Македонштина

Куманово, град на иновации

Балканштина

Да видиме каде тоа ѝ останала душата на Нада

Македонштина

Не бе, не е гужва во Капиштец

Балканштина

Навремен мајчински совет

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Возрасни, на што личи бе ова??

Како изгледа да си професор во Македонија низ gif-ови

Да голицнеме непце

Немојдамејебеш

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy