Стотици НБА играчи, тренери, чиновници и поранешни ѕвезди споделија свои мисли во знак на сочувство за иконата на Бостон Селтикс Бил Расел, најтрофејниот НБА кошаркар кој почина на 88-годишна возраст.
Во првото коло на стартот од сезоната во англиската Лига 2 играа Бредфорд Сити и Донкастер. Мечот немаше голови ама имаше два црвени картони. Првиот го доби гостинот Ли Томлин во длабоко судиско продолжение од првиот дел во 45+5’ минута и тоа после два жолти за најголема глупост каква што не се видела.
Виљареал под водство на големиот цар Унаи Емери е на англиска турнеја каде го победија Саутемптон а вечерва играат со Фулам на „Кревен Котиџ“. Група англиски навивачи кога го виделе Емери како излегува од клупскиот автобус, го закачнале за неговото Good Ebening наместо Good evening како што редовно викаше на прес-конференеции додека го водеше Арсенал на времето.
Европскиот шампион глатко со 2-0 го победи Јувентус во натпревар одигран пред дури 93.702 гледачи на прекрасниот стадион „Роуз Бол“ во Пасадена, предградието на Лос Анџелес во САД.
Тузланскиот судија Бекир Кравиќ на дербито меѓу Жељезничар - Црвена Звезда во најдобрата лига на поранешна Југославија, му удрил глава на Среќко Илиќ од Жељо и за таков гест бил ригорозно казнет. Видеото стигнало и до една култна емисија во Британија - Saint & Greavsie каде Иан Џон и Џими Гривс коментираале поштапалици од фудбалски терени.
Во 11. коло од аргентинската Примера Дивизион, Годој Круз и Велез Сарсфилд одиграа 1-1. Домаќинот поведе по само 2' минути игра преку Пјер Бариос а најголем виновник за тоа е 33-годишниот голман на Велез Лукас Хојос кој направи невидена грешка.
Александер Медина, тренерот на аргентински Велез Сарсфилд како да подзаборави дека не е во теренот. Ама судијата набрзо го потсети по глупоста што ја направи врз фудбалерот на Годој Круз Максимо Пероне.
На сите тие експлозии, гинења, раселен народ, растурени семејства, кукања и давања „задолженија“ на западот, Зеленски реши дека е супер момент да се слика со жена му за - Вог.
По освоената титула во хрватската првенство, Динамо Загреб сега јуриша на нов пласман во групна фаза на некој од европските турнири. Вечерва во Скопје „модрите“ играат реванш меч против шампионот на Македонија, Шкупи, од 21 часот на арена „Тодор Проески“.
Откако доби „траен деформитет“ после сомнителни козметички зафати, Линда Евангелиста со своите 57 години се враќа со прва модна кампања после огромна и тажна пауза.
Фудбалската федерација на Нигерија и тамошните власти отвориле истрага после мечот на кој клубот Ремо Старс изгубил 3-0 на пенали од Иџебу Јунајтед во финалето на државниот Огун Куп.
Сервисирањето на Северен тек 1 заврши, и не се случија најцрните сценарија, ама не се случија ни најоптимистичките. На првиот ден по сервисот Газпром го пушти гасоводот на само 30%, а спорната турбина уште не е вратена на место.
Второто излегување на Путин од Русија од 24 февруари е за учество на самитот во Иран, каде треба да се сретне со лидерите на Иран и Турција како дел од Астана мировниот процес за ставање крај на војната во Сирија.
По 9 прекрасни години, полни со историски мигови, шампионски сјај и взаемна љубов со клубот и навивачите, Тимур Дибиров го напушта Вардар. Заминува горд и исполнет, затоа што беше како дома, со 21 трофеј и како трет најдобар стрелец во ЛШ со 1.043 голови. Легенда.
„Следниот голем американски автор“ е име на шоу кое по вообичаениот натпреварувачки терк за готвачи или цвеќари се очекува да го открие она што го најавува и ветува - новиот голем американски (а со тоа и светски) автор на бестселери.
Во Загреб на Кире му велеле дека стилот му е застарен, а Талант од тој негов стил го извлекол максимумот. На играчите им се поставувал само на еден начин, а тоа е како да бидат добри. Приватно бил многу забавен лик, ама во соблекувална знаел да полуди и да крши сè пред себе.